log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

СУГС "Лазар Танев"

лазар танел лого
 

Адреса: Стрезово бр.3, Скопје
Телефон:+389 2 3085 035, локал 103 – референт за вонредни ученици
              +389 2 3085 035, локал 101 – секретар
              +389 2 3086 292 – директор
Факс: +389 2 3085 036
Е-мајл:
info@lazartanev.edu.mk
        
ltanev@hotmail.com
web    

      ОПИС                

Средното училиште на Град Скопје “Лазар Танев” е најголемо средно стручно училиште во нашата земја кое образува, воспитува и продуцира кадар за потребите на угостителско-туристичката индустрија на Република Северна Македонија.

Годишно, тука се образуваат околу 500 редовни ученици за: келнер, готвач, слаткар и пекар со тригодишно образование и хотелско-туристички техничар со четиригодишно образование. Во училиштето се образуваат и поголем број ученици со вонредно образување за сите образовни профили поврзани со угостителско-туристичката дејност, како и со специјалистичко образование: готвач-специјалист, слаткар-специјалист и келнер-специјалист.

Имајќи ги во предвид местоположбата, комуникациските врски и природните убавини со кои изобилува Република Северна Македонија, таа се повеќе прераснува во земја која може да пречека голем број домашни и странски туристи. Туристичката индустрија е од врвно значење за нашата земја и е еден од главните приоритети за нејзин социјален, економски и културен развој.

Првиот контакт на странските посетители со земјата е преку кадрите од полето на угостителско-туристичката индустрија, кои на туристите им даваат првични информации за карактеристичните одлики на земјата, за културно-историските споменици, природните убавини, националната кујна и за нејзината гостопримливост.

Од ова произлегува потребата за добро обучени професионалци со широко општо образование и со модерна практична обука. Целокупната воспитно-образовна дејност во училиштето е насочена кон продуцирање кадар кој во целост ќе ги задоволи барањата на современото угостителство и туризам, обезбедувајќи максимално поволни вредности на стручност и прилагодливост на пазарот.

    ГАЛЕРИЈА           

 

СУГС "Лазар Танев"

     МАПА                 

Печати