Logo

Општина Босилово

bosilovologo

 

Адреса:Босилово бб 2431
Телефон: +389 34 371-600
Е-маил:
opstinabosilovo1@gmail.com
web    fbfb

      ОПИС                

Општина Босилово — општина во Струмичко, Југоисточна Македонија. Седиште на општината е селото Босилово.

Општината се простира на површина од 161,99 км. Сместена во југоисточниот дел на Република Македонија, со правец на протегање североисток - југозапад, распространета во средишниот дел во Струмичкото Поле, завзема значајно место во Струмичкиот регион. Низ нејзиниот средишен дел поминува реката Струмица и реката Турија кои подоцна се влеваат во реката Струма во Република Бугарија.

Општина Босилово се наоѓа на надморска височина од 250 метри, опфаќајки ги јужните падини на планината Огражден. Од север се граничи со Општина Берово, од исток со Општина Ново Село, југоисточно граничи со Општина Струмица, а западно со Општина Василево.

Општина Босилово има вкупно 14.260 жители со 16 населени места или вкупно 3744 домаќинства.

Сите села кои егзистираат на територија на оваа општина се низински, со просечна густина од 95,4 жит/км2. Централна населба на општината е Босилово, во кое живеат вкупно 1698 жители, или 11,9% од вкупниот број на жители во општината. Општина Босилово има прилично добра географска положба и сообраќајна поврзаност. Се наога на само 7 км од најголемиот урбан центар во Регионот, Градот Струмица со кој е поврзан со магистралниот пат М6, кој воедно ја поврзува општината граничниот премин со Република Бугарија. Со повеќето локални патишта таа е поврзана и со останатите населени места во регионот.

Општина Босилово како локална самоуправа била формирана во 1996 година а инаку како стара општина функционира од 1963 година.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Општина Босилово

     МАПА                 

Печати

2015 @ Biznis.eu.mk