log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Општина Дебар

 општина дебар

Адреса:8 Септември бб, Дебар
Телефон:+389 46 831 196
Факс: +389 46 831 015
Е-маил:dibra@dibra.gov.mk

web    fbfb   

      ОПИС                

Дебар е древен град, и неговото име се спомнува уште во петтиот век пред нашата ера,а подоцна и во I-от век од нашата ера од Страбон и Плин. Тие го спомнуваат племето на Добери (Илирско племе) кои го основале градот под името Добер. Птоломеј во II-век од нашата ера го потврдува планот на градот наречен Добер, Доберус или Доборо и нејзините жители како добери. Во текот  на хисторијата Дебар бил дел од Епирското деспотство и Бизант, додека во IV век под Османската Империја.

Во времето на Скендербег, Дебар  се распореди  во граничната линија со турскиот конфликт, и голем број на битките на Скендербег против  Отоманската Империја се одржаа во овој дел (1443-1465).

Дебар одигра важна улога во Призренската Лига. Во 1913 година, и покрај отпорот на албанските сили, градот остана како дел од Кралството на Србија, додека во текот на Втората светска војна, сите воглавно албански територии, вклучувајќи го и Дебар, беа припоена кон Кралството на Италија. По Втората светска војна, Дебар стана дел од Југословенската федерација.

Досегашниот археолошки и историски истражувања потврдуваат дека градот Дебар потекнува од градот Добер од каде доаѓа и денешното име.

Дебар бил прочуен трговски и занаетчиски центар, кој одиграл значајна улога во историјата на овие региони. До 1912 г. Дебар бил еден од најразвиените градови во регионот како во економски, занаетчиски, трговски, етички, така и на културен и социален план. Во тоа време, Дебар имал 11,000 жители и 462 продавници.

Според новата територијлна поделба, Дебар е една од општините кои спаѓаат во југозападниот дел на Себерна Македонија. Дебар нема директен пристап во море, најблиското пристаниште е Драч,(со конструкција на патот Арбри, кој е на процес на изградба, Дебар станува најблискиот излез на Себерна Македонија во меѓународни води).

Дебарската котлина има блага и во неа се чуствува блага медитеранска клима во летните месеци и планинскат клима во зимските месеци.

Просторот на Општината Дебар има таква положба, каде што се составуват живописните кањони на реките Радика и Црн Дрин, кои се слеваат во Дебарското езеро. Дебар е опкружен од планините Јабланица, Стогово и Крчин (Дешат). Дебарското езеро се протега од ХЕЦ Глобочица, по долината на реката Црн Дрим и по долината на реката  Радика се до бањи Косоврасти, со максимална должина од 22км и површина 13км2, а вкупната зафатнина на водата изнесува 520 милиони м3 вода. ХЕЦ Шпилје просечно-годишно произведува над 300 милиони кw/h електрична енергија. Водата на Дебарското езеро се користи и за наводнување на ораници преку хидромелиоративниот систем во Дебарското поле.

Дебар има две термоминерални извори: во селата Бањиште и Косоврсти, кои се познати како бањски лечилишта и се бројат меѓу најпознатите бањски лековити води во Европа и светот (за лекување на разни болести).

Во територијата на Општина Дебар се наоѓа единствениот гипсен релиеф во Републиката кој се протега во должина од 9 км. Рудата на гипсот е со висок процент (99%), со содржина од чист гипс и по квалитет се рангира меѓу првите во светот.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Општина Дебар

     МАПА                 

Печати