![]() |
Адреса: ул.Маршал Тито бр.108, Струга, Македонија
|
ПОДГОРКА -дооел Струга основана е на 05.04.1991 година.
Во текот на својата долгогодишна работа Подгорка постојано се надоградува и денес е еден од водечките дистрибутери на територијата на Република Македонија на следните производи:
* Пилешко замрзнато и свежо месо;
* Пилешки и говедски трајни и полутрајни сувомеснати производи;
* Млечни производи (кашкавали, ферментирани производи и путер).
Подгорка со своите вработени, работниот процес го извршува во сопствен деловен простор од 750м2 во кои се вклучени: магацинскиот простор со 4 комори за одджување и 2 комори за замрзнување како и деловни канцеларии. Сметајќи на потребата од навремено доставување на производите до коминтентните како и задржување на квалитетот на производите кои се доставуваат, Подгорка својата професионалност во развојот и традицијата ја оддржува со сопствен возен парк од:8 климатизирани возила за дистрибуција на производите како и 4 возила за мал транспорт и 6 возила за комецијалисти.Денес, Подгорка својата дејност ја темели на професионалноста, стабилноста како и постепената надградба на својата дејност и истата ја има реализирано со застапништво и долготрајната соработка на познатите брендови:
– ZELENE DOLINE – ( Млекарна Целеиа – Словенија)
– Z′DEŽELE – ( Цељске Меснине- Словенија)
– MENPROM (Босна и Херцеговина )
– MADI (Тешањ – Босна и Херцеговина)
– FLORA (Пик Бечеј – Србија)
– T.BOER & ZN (Холандија)
Според законските прописи во Р. Македонија Подгорка го има имплементирано HACCP и ISO 9001:2008 стандардите како и многу бројни добиени сертификати за квалитет на производите и дистрибуција на домашниот пазар. За нашата функционалност зборува употребата на современа компјутерска технологија и опрема за ваков вид на дејност, а со тоа нашиот производ да го добиете со најдобар квалитет како и потребната свежина која ќе го задоволи вкусот на секој потрошувач, како и да ја збогати, односно украси вашата трпеза. Ние продолжуваме понатаму,поткрепувајќи се на нашата традиција и професионалност, и се разбира на односот кон нашите сегашни и идни коминтенти.