Logo

Кристал 1923

 kristal1923 logo

Адреса: Ул. Алексо Демниевски бр. 18, 1400 Велес
Телефон:043 233855
Мобилен:076/457-708
Еmail: contact@kristal.com.mk
 web    fbfb   instagram

      ОПИС                

Прехранбената индустрија „КРИСТАЛ 1923“ АД од Велес веќе 100 години е синоним за квалитет. Нема домаќинство во Македонија во кое нашите производи немаат свое место. Маслото за јадење и маргаринот „Кристал“ се нашиот најпрепознатлив бренд, но подеднакво сме горди и на останатите производи: таан алвата, локумот, желе бонбоните, зачините, слаткото од смокви, ситни пакувања  итн.
Развојниот пат на Прехрамбената индустрија „Кристал 1923 ” АД од Велес започнува во 1923 година. Како фабрика за масло работи до 1999 година кога е трансформирана во Прехрамбена индустрија поради широкиот асортиман на прехрамбени производи во сопствено производство и до 2020 работи под името,, Благој Ѓорев ,,
кога се преименува во ,,Кристал 1923,,
Денеска ПИ „КРИСТАЛ 1923“ е модерен прехранбен капацитет, во кој целокупниот производствен процес се одвива во строго контролирани услови што претставува најдобра гаранција за безбедноста и квалитетот на секој производ кој излегува од нашата фабрика. За нас е особено значајно што „Кристал 1923“ е единствениот капацитет во Македонија кој има целосно заокружен процес на производство на сончогледово масло, од семе до финален производ.
Сакајќи да го задржиме високото место на пазарот и довербата на потрошувачите, која се пренесува од генерација на генерација, ПИ „Кристал 1923” АД продолжува да се развива и да инвестира во производството на здрава и квалитетна храна. Квалитетот е наша обврска! Ваше е да се храните здраво!

    ГАЛЕРИЈА           

 

Благој Ѓорев

     МАПА                 

Печати

 

2015 @ Biznis.eu.mk