![]() |
Адреса: 7-ми Ноември бр.183, Охрид, Македонија |
Основна дејност на Акционерското друштво "Лихнида" е преработка на пластични маси, која се преточува во широка палета на производи, наменети главно за домашниот, но се повеќе и за странски пазари. "Лихнида" започна со работа како регионална фабрика пред речиси половина век (1960 г.), а во 1971 година беше пуштена во погон нова фабрика на 7.500 м2 покриен простор, опремена со современи уреди за преработка на пластични маси. Таа настојува да ги следи најновите трендови во производството, да го проширува асортиманот на своите производи, остварувајќи врвен квалитет.
Активноста на АД "Лихнида" е ориентирана кон производството (95%), а само мал дел (5%) отпаѓа на услуги. Средствата што се инвестираат во развојот на дејноста се исклучиво од сопствени извори. Особено внимание се посветува на набавката на современи алат за производство на нови и поквалитетни производи, според високите барања на пазарот. Производната програма опфаќа:
бризгани артикли за широка потрошувачка,
транспортна манипулативна амбалажа (гајби за млекарската, пекарската и месната
индустрија, за берба на овошје и на зеленчук, како и за сите видови шишиња),
бризгани технички производи,
ВЦ-казанчиња со сите приклучни елемементи,
пластични канти за сирење од 20, 10, 5 и 1,5 литри.
Произведуваме производи за широка потрошувачка (за домаќинство, саксии, играчки...)