log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

ИНЕН ДЕКОР ДООЕЛ

inendekor logo E-mail- inendekor@yahoo.com
WEB страна - www.inen-dekor.com.mk
FB страна - https://www.facebook.com/INEN-Dekor-Dooel-312295035531340/?surface=rese
Телефон- +389 48 457 091; Погон- +389 48 457 090; Продавница- +389 48 476 615; Мобилен- +389 70 208 247
Адреса- Безуличен систем - индустриска зона, 7550, Крушево, Македонија

      ОПИС                

ИНЕН ДЕКОР е претпријатие за производство на градежна столарија од дрво. Тоа е основна дејност според класификацијата на претпријатија по дејности и е распоредено во рангот на мали претпријатија.
Како занаетчиски дуќан за прв пат почна да работи летото 1972 година со една комбинирана дрвопреработувачка машина и ситен алат во една мала работилница од само 16 м2. Со голема упорност и залагање веќе во 1993 година се регистрира како приватно претпријатие, со модерни машини, повеќе вработени и работна просторија од 50 м2, за да се прошири во работилница со 500 м2 покриен простор во 2000 година.
Денес ИНЕН ДЕКОР располага со 800 м2 работен простор, сопствена сушара за дрво, складишен простор за сушена граѓа, целосно обновен машински парк, современа лакирница, и понатаму го следи трендот за развој и модернизација во склад со европските стандарди.
Градежната столарија - прозори, терасни врати, влезни и собни врати од разни видови на дрво, по стандардни и вонстандардни мерки земени на објект, се изработени по најновите стандарди за термо систем со меки линии. Заштитата на дрвото се врши со еколошки бои и лакови, полиуретански лакови или друга заштита во зависност од желбата на нарачателот.
Квалитетот, навремено изведување на работите, целосна одговорност, гаранција за секој производ се главните карактеристики на нашето претпријатие.
Специјалност со која можеме да се пофалиме е изработката на прозори и врати во стилот на старата македонска архитектура но во термо систем. Многу значајни објекти во стариот дел на Охрид заштитени како културно наследство - куќите на Уранија, Робевци, Узунов... ,во Битола на Широк сокак, конаци во манастирите Св. Јован Бигорски, Св.Наум, Стара На-ма а сегашна Експозитура на ПроКредит Банка во Струмица, Музејот на НОВ во с. Смилево, Куќата на Бинка во Крушево, објекти во Мала Преспа - Грција се опремени со наша дограма и ентериерно уредување.
Долгогодишното искуство допринесе да можиме да изработуваме квалитетни производи во сериско и вонсериско производство. Како подизведувачи учествуваме на повеке тендери за опремување на згради во и надвор од Македонија. Мотото за квалитет и навремено извршени договори се наш двигател.
Отворени сме за соработка со градежни фирми и индивидуални инвеститори.

 

    ГАЛЕРИЈА           

ИНЕН ДЕКОР ДООЕЛ

     МАПА                 

Печати