log in

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Аерус

      ОПИС                

aeris logo najnovo1 

Компанијата АЕРУС дооел постои од ноември 2003 година со единствена цел на странските пазари, но и на македонскиот пазар да им понуди производи кои претставуваат вистинско богаство кое нашите кооперанти го собираат во македонските шуми и во кујните на најпребирливите потрошувачи да донесеме вистинска магија на вкусови, од најеколошки чистите предели на Македонија.

АЕРУС дооел се занимава со откуп, преработка и извоз на шумско овошје и шумски печурки. Се наоѓаме во источниот дел од Македонија во градот Пробиштип, со тоа што откупот го организираме на целиот источен дел од државата, каде има голема традиција за собирање на шумски плодови. Исто така соработуваме и со кооперанти и од другите делови на Македонија. АЕРУС успеа да воспостави беспрекорна организација на откупот од стотина добавувачи и организирани берачи, што е пресудно за квалитетот на крајните производи. Откупените плодови за само неколку часа доаѓаат во нашиот погон за преработка, со што добиваме максимален квалитет, баран на европските пазари.


Компанијата располага и со модерен погон и најсовремена опрема за преработка и чување на шумските плодови. Имаме инсталирано два шок тунела за длабоко смрзнување на овошје и печурки, до -35 степени и капацитет за складирање од 120 тони шумски плодови и шумски печурки на -20 степени. Воедно располагаме и со сушара со капацитет на сушење од 3 до 4 тони дневно.

Производите што ги нудиме на пазарот се со врвен квалитет, а најдобра потврда за тоа е фактот што нив главно ги пласираме во: Италија, Шпанија, Швајцарија, Германија и Словенија.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Аерус

     МАПА                 

Печати

     КОНТАКТ                 

Адреса: МИРО БАРАГА 1Г Пробиштип,Македонија
Тел. Број:+389 78421131
E-mail: info@aerus.eu.mk, aerus_aerus@yahoo.com
Web:www.aerus.eu.mk