log in

.

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

БЦ-ТРАНСКОМ ПАНЕЛ

transkom logo

 

 

      ОПИС                

БЦ–ТРАНСКОМ доо УВОЗ - ИЗВОЗ се занимава со производство на масивни плочи со ширинско слепување на елементите. Опремата за производство е од најсовремен вид, набавена од Германија и САД. Капацитетот на производство ни е 60 м3 месечно, со работно време од 8 часа на ден. Суровината за производство на масивни плочи е бука (благо парена или бела - природна), бор, даб или друго дрво, по ваша нарачка. Димензијата на плочите што се произведуваат може да бидат со: ширина до 1 000 мм, должина до 2 600 мм и дебелина од 20, 35, 40, 45 мм (се произведуваат и масивни ногарки за маси од разни димензии 70 x 70, 80 x 80, 100 x 100, 120 x 120 мм).
Заради контрола на квалитетот на готовите производи, погонот располага со сопствена сушара, со капацитет од 60 м3, опремена со најсовремена технологија од словенечко производство за водење на процесот – режимот на сушење.
Покрај производство на масивни плочи, БЦ–ТРАНСКОМ може да произведува и најразлични елементи и делови за мебел, газишта за степеници, разни видови украсни лајсни, ламперија, патос, и други елементи од дрво, по ваша нарачка.

    ГАЛЕРИЈА           

 

БЦ-ТРАНСКОМ ПАНЕЛ

     МАПА                 

Печати

     КОНТАКТ                 

Село Ратево,2330-Берово,Македонија
Тел:+389(0)33/470444
Факс:+389 (0)33/470 444
Мобилен:+389 (0)71/243 182
Е-маил:info@bc-transkom.mk
Лице за контакт:
Милан Цикарски, +389 (0)71/243 182