Logo

Стед Комерц

stedkomerclogo2

Адреса: ул. Ордан Пиперката 12 А, 1000 Скопје
Телефон: 02 3116 356
Email:contact@sted.mk

   web    fbfb 

      ОПИС                


СТЕД КОМЕРЦ дооел Скопје е претпријатие за одржување на хигиена во деловни и станбени простории, кое веќе 30 години е присутно во Македонија, пренесувајќи го искуството од западноевропските земји. Со својата менаџерска, техничко-технолошка и кадровска структура на високо квалификувани хигиеничари од секаков профил, нашата компанија е максимално подготвена да одговори на сите предизвици од областа на хигиената. Константното залагање за подобрување на квалитетот на услугата преку предвидување, следење и задоволување на потребите на потрошувачите, како и редовното вложување во современа опрема, машини и еколошки средства, претставува клуч за успешното работење и конкурентност на пазарот. Најголемо задоволство ни е што како компанија имаме добиено голем број пофалби за врвниот квалитет на услугите кои ги нудиме, токму од вас и благодарение на тоа ја стекнавме довербата на голем број задоволни корисници на нашите услуги. Задоволството на клиентите го постигнуваме преку комплетно извршување на услугата со професионално обучени хигиеничари, согласно имплементираниот стандард за квалитет ISO 9001:2015. За постигнување на врвни резултати користиме висококвалитетни професионални материјали и опрема, како и еколошки биоразградливи средства од врвни производители, со што водиме грижа за заштита на животната средина, согласно имплементираниот стандард ISO 14001:2015 и ISO 4501:2018 за заштита и безбедност при работа. За нашата професионалност, организираност и опременост, најдобро зборуваат многуте реномирани институции со кои соработуваме. 

-Генерално чистење на:
-Деловни/Станбени простории 
-Објекти со поголеми површини 
-Машинско чистење подови  
-Достапни и недостапни стакла 
-Фасади, тенди, настрешници
-Влезови од згради

    ГАЛЕРИЈА           

 

Стед Комерц

     МАПА                 

Печати

2015 @ Biznis.eu.mk