|
Адреса: ул. 519 бр. 38, Ќерамидница, близу Дојрана, Скопје Македонија Телефон: +389 2 2581 114 facebook: https://www.facebook.com/profile.php?id=100094108432947 |
КАСТРУМ Доо Скопје е фирма основана 2019 година во Скопје и изминативе години успева да се истакне во својата дејност. Фирмата се занимава со изработка на плакети, статуетки информативни обележја по нарачка на клиентите и ракотворби кои се стандардни производи со тематика од македонското културно наследство.
Кога станува збор за сувенирите Кастурум е фирма – пријател на македонската традиција па и во самата понуда има голем избор на врамени сувенири познати македонски градби, традиционален накит (токи, пафти, обетки, брошеви, невестински накити од носии и сл) мозаици различни копии на артефакт и светци и сл.
Дел од понудата на Каструм вклучува и изработка на повеќе видови на статуетки, плакети, признанија и други репрезентативни подароци. Кои се изработени во рамка кутија, папка или дрвена основа. При изработка на истите им даваме флексибилност на клиентите нивен е изборот на техника дизајн димензија и количина, па според тие параметри се одредува и цената така да клиентите имаат потполен увид и слобода во својот избор.
Без разлика дали сакате да овековечите ваш јубилеј на фирмата или на вработен или пак да го украсите својот дом со дел од македонската историја Каструм доо е вистинско место каде што треба да обратите.
Воспоставете контакт со нас и уверете се и самите во професионалноста креативноста и одличниот тим за соработка.