Logo

Идеја Плус Ревизија и Консалтинг

idejaplus logo

Aдреса: ул.Kоста Сусинов бр.22, Радовиш, Македонија
Телефон: +389 32 630 632
               +389 32 633 632
Факс:      +389 32 630 635
E-маил: info@idejaplus.com

web

 

      ОПИС                

ИДЕЈА ПЛУС РЕВИЗИЈА & КОНСАЛТИНГ ДОО Радовиш гради имиџ на квалитетна и компетентна консалтинг куќа повеќе години и тоа во сферите на финансиско - сметководствените и правни аспекти за деловните ангажирање на стопанските субјекти. Девет години ИДЕЈА ПЛУС РЕВИЗИЈА & КОНСАЛТИНГ ДОО работи со високи перформанси на квалитет, сигурност, навременост и точност во извршување на услугите кои ги нуди на своите клиенти. Постигнатото реноме е резултат на стручниот тим ангажиран во нашата куќа. Успехот на ИДЕЈА ПЛУС КОНСАЛТИНГ се потврдува со постојано зголемување на бројот на задоволни корисници на нашите услуги. Заложбата за постојано подобрување на квалитетот и во иднина останува наша обврска.

ИДЕЈА ПЛУС РЕВИЗИЈА & КОНСАЛТИНГ е сигурен соработник во областа на економскиот и правен консалтинг. Комплетниот советнички тим на нашата куќа е во состојба да Ви овозможи ефикасни сметководствени, даночни, правни и финансиски услуги, преку потполно почитување на македонското законодавство. Преку редовна усна и писмена комуникација и преку предавања кои ги ирганизираме за Нашите клиенти, овозможено е навремено информирање за сите новини од областа на економијата и правото.

Активноста на ИДЕЈА ПЛУС РЕВИЗИЈА & КОНСАЛТИНГ е фокусирана и кон едукација на менаџерскиот, сметководствениот и финансиски персонал на Нашите клиенти преку:
- одржување на семинари за запознавање на клиентите со законската регулатива од областа на финансии, сметководство, даноци, трговско право, работни односи, платен промет и сл.
- одржување на специјализирани семинари и предавања за администрирање со локални даноци и такси, воведување на нови платни инструменти, примена ма Меѓународните стандарди за финансиско известување и др.

Услуги
1.Книговодство


Во доменот на книговодствено финансиските услуги, стручниот тим на Идеја Плус Консалтинг ДОО, Радовиш, ги советува Нашите клиенти за навремено и точно спроведување на законските прописи од сферата на данокот на додадена вредност, данокот на добивка, персоналниот данок, царините, акцизите, законите од сферата на работните односи и др., што во целина го опфаќа сметководственото работење. За потребите на голем број наши клиенти од повеќе дејности (производство, трговија, услуги) ажурно водиме:
-финансиска и материјална евиденција
-изработка на ПЛТ
-пополнување на трговски книги
-пресметка на интегрирана бруто плата
-пресметка на амортизација
-пресметка на сите видови даноци (ДДВ, данок на вкупен приход, данок на даночно непризнаените трошоци, персонален данок на други лични примања)

2.Регистрација на трговски друштва

Применувајќи ги одредбите на Законот за трговски друштва, стручниот и одговорниот пристап кон Нашите клиенти, е изразен и преку можноста за:
основање на:
- ДОО и ДООЕЛ
- АД
- ЈТД
- Трговец поединец
промени за:
- промена на управител на друштвото
- зголемување и намалување на основната главнина на друштвото
- пристапување и истапување на содружник на друштвото
- промена на назив, скратен назив на друштвото
- промена на седиште на друштвото

спојување и промена на трговски друштва:
- изработка на план за спојување
- изработка на план за поделба
- изработка на делбен биланс
- изработка на консолидирани финансиски извештаи


3.Бришење (ликвидација или стечај) на трговски друштва
Согласно Законот за стечај и ликвидација, вршиме бришење на сите видови трговски друштва од Трговскиот регистар, со спроведување на:
- стечајна постапка
- ликвидациона постапка


4.Бизнис план
За потребите на нашите клиенти, Идеја Плус Консалтинг ДОО, Радовиш, изработува Бизнис (деловен) план и Инвестициони програми согласно Методологијата на Светска банка, Македонската банка за подршка на развојот - МБПР, Агенција за подршка на претприемаштвото - АППРМ, Национална програма за рурален развој и ИПАРД програмата, со кои се прави проценка на бизнисот и издржаноста на планираната инвестиција, а се со цел да се задоволат барањата на домашните и странските инвеститори или при барање на средства за кофинансирање на планираната инвестиција.
Да се има идеја за ширење на бизнисот е креативно и амбициозно, но можноста за реализација на замислената идеја ја проверуваме преку сеопфатна и содржајно изработена ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА (Студија на можностите) која ќе даде насоки за начинот на развој и успешност на компанијата.


5.Проценки
Проценителите на Идеја Плус Консалтинг, работат на проценка на капиталот на компаниите за целите за:
- продажба на цело претпријатие
- продажба или залог на поединечни средства или опрема
- основна главнина при основање на трговски друштва, согласно позитивните законски прописи во Р. Македонија


6.Вештачење
За нашите клиенти и по барање на Основните судови во Р. Македонија, ги вршиме сите видови вештачења за граѓански и стопански спорови.


7.Ревизија
Ревизијата како посебна дисциплина ја спроведуваме вршејќи:
- интерна ревизија за финансиски институции (банки, штедилници, инвестициони фондови)
- екстерна ревизија на финансиските извештаи на средни и големи Акционерски друштва, ДОО и ДООЕЛ
- ревизија за основање, спојување и поделба на друштва
- ревизија за зголемување на основната главнина на друштва
- ревизија за заштита на малцинските интереси на друштвата
- ревизија за исплата на авансна дивиденда
- ревизија за посебни намени и др.


8.Инвестициско советување
Кој го врши ? Едуцирани инвестициони советници, со овластување (дозвола за работа) за инвестиционен советник издадена од Комисијата за хартии од вредност.
Како ? Преку овој вид на услуга им помагаме на Нашите клиенти при донесувањето на стратешки инвестициони одлуки каде да ги инвестираат своите слободни парични средства, а се со цел да го диверсифицираат ризикот при вложувањето и да обезбедат максимално голем можен профит.
Инвестиционото советување опфаќа изработка на голем број технички и стручни анализи за да се понуди инвестирање во оптимално портфолио кое ќе донесе најголем профит со минимален ризик од загуби.


9.Брокерски услуги
Инвестирајте и тргувајте со хартии од вредност за поголем принос на Вашите средства, преку едноставни, брзи и доверливи услуги
1. Купување и продавање на хартии од вредност
2. Котација

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

     МАПА                 

Печати

2015 @ Biznis.eu.mk