Logo

Еуро Консалт Плус

eurokonsaltplus logo

Адреса: ул.Јордан Мијалков бр.30, Скопје, Македонија
Телефон: +389 2 3215 327
               +389 2 3215 328
               +389 2 3216 239
Мобилен: +389 75 446 694
E-маил: eurokonsalt@t.mk / info@eurokonsaltplus.com.mk

web   

Работно време:
Пон - Пет од 08:00 до 16:00 

      ОПИС                

“ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС” е компанија која од основањето во 2003-та година на пазарот успешно е застапена на полето на консалтинг услугите од областа на правно и економско финансиското работење, и издаваштвото од наведените области. Консалтинг услугите го покриваат сегментот од областа на легислативата – законските прописи кои се однесуваат на работењето на правните лица, од нивното основање до ликвидација, облигационите односи, трудово и работно право и останатите прописи кои се однесуваат на правните и физичките лица кои обавуваат дејност на тлото на Република Македонија.
Од областа на економско – финансискиот консалтинг предмет на работа претставуваат консалтинг услугите кои се однесуваат на економско – финансискиот и сметководствениот сектор.
Во делот на издаваштвото “ЕУРО КОНСАЛТ ПЛУС” е присутен со две публикации кои се наменети и во кои се разработуваат теми кои се однесуваат на правото, економско – финансиското работење и сметководствените работи.
Во “Деловни Информации” стручно списание кое излегува два пати месечно на А-5 формат со најновите деловни информации, за практична примена на прописите и актуелна тековна проблематика.
Разработува и третира најнова проблематика од економско финансиска и правна област, работни односи и претприемништво низ постојните и неколку нови рубрики:

     Дилема;
     Даноци, акцизи, придонеси и други давачки;
    3) Сметководство и Ревизија;
    4) Право и правна проблематика;
    5) Нестопанство;
    6) Финансии;
    7) Банкарство и платен промет;
    8) Девизно работење;
    9) Самостојни вршители на дејност;
    10) Нови прописи;
    11) Плати и придонеси;
    12) Јавни набавки;
    13) Прашања и одговори;
    14) Здравствени организации.

Предност се дава на актуелните содржини и новите законски промени, со акцент на практична имплементација во тековното работење.
Во “Сметководство Ревизија и Финансии Плус” – “СРиФ Плус”

– Стручно списание за макро и микро економија за сметководство, ревизија, финансии, менаџмент, претприемништво и стопанска практика. Двомесечно издание со специјализирани рубрики од сметководство, ревизија, финансии, менаџмент, банкарство, комерцијално работење, работни односи, буџет и макроекономска политика. Посебен осврт на даночната сфера од областа на акцизите, ДДВ (WAT), персонален данок на доход, данок на добивка, такси, придонеси и други фискални давачки и надоместоци.
Следењето на актуелните збиднувања во светот, регионот и во земјата, новите макроекономски движења и економско – финансиски показатели.
Исто така во текот на годината одржуваме неколку специјализирани советувања, од областа на даночната проблематика, новините во законските прописи, советувања за изготвување на годишна сметка и примената на Меѓународните Сметководствени Стандарди.

Услуги

 - Економски и правен консалтинг
 - Советувања и семинари
Во текот на годината Еуро Консалт Плус одржува неколку советувања.
 - Годишна претплата
 - Изработување проекти и анализи
 - Изготвување на акти и документи
 - Стручна литература

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

     МАПА                 

Печати

2015 @ Biznis.eu.mk