![]() |
Адреса: Никола Парапунов Бр.3А лок.50/2 |
Стоматолошката ординација ПЗУ Венус постои веќе 26 год на истата локација.
Ординацијата е основана од Др. Руса Велинова со истото име, а во 2006 со промена на сопственоста од Др. Венера Бановиќ се преименувана во името Венус.
Долгогодишното постоење на истата локација, доследноста во работата, професионалноста и квалитетот на услугите на оваа ординација, се потврдени и постојано се потврдуваат преку довербата на пациентите од почетокот до денешен ден. Тоа е големо задоволство и сатисфакција на денешниот тим од четири Доктори на Стоматологија. Тоа е и дополнителен мотив за постојано инвестирање во знаењето, инвестирање во постојано дообразување за најновите сознанија во стоматологијата преку семинари, работилници и конгреси, во земјата и странство.
Стоматолошката ординација ПЗУ Венус има склучено договор со ФЗО на РСМ.
Детска и превентивна стоматологија
Болести на устата и парадонтот
Болести на заби и ендодонтот
Избелување на заби
Ортодонција
Протетика