![]() |
Адреса: Ацо Аџи Илов 1-б, Неготино |
Чикаго Кафе и ланч бар е софистицирано место каде може да си го испиете утринското кафе, да си дојдете на вкусен ручек со вашите пријатели или да си уживате на вечерни свирки со одлични бендови.
Ние секогаш ги подржуваме локалните и талентирани дечки кои ќе направат одлична журка.
Во Чикаго примаме резервации, вршиме достава на храна, имаме опција "за носење" на храна, како и капацитет за сместување на отворено. Нашиот бар, со пријатна атмосфера, е одлично место за сите, дури и за оние со мали дечиња.
Чикаго Кафе и ланч бар ќе стане вашето омилено место, каде ќе се чувствувате како дома.