![]() |
Адреса 1: Јадранска магистрала
|
За нас
Во своето долгогодишно постоење претпријатието САНМАРТИ создаде имиџ на препознатливост на пазарот, во што најдоминантни се инсистирањето на врвен квалитет и држењето чекор со модерниот дизајн и најновите достигнувања во сегментот завршни градежни материјали и опрема. Посебен акцент е ставен на материјалите и опремата за бањи, водоводните инсталации и системите за греење.
Наши партнери
Палетата производи во големопродажба и малопродажба е навистина голема, за кои имаме воспоставено генерални застапства со шест реномирани компании, како и дистрибутерски однос со повеќе од 25 компании кои имаат значајна улога на светскиот пазар. Генерален увозник за Македонија на производите на Kolpa San-Slovenija, Herz-Slovenija, Rehau-Avstrija, Cisa-Turcija, Qvit-Turcija, Henkel-Srbija.
Дистрибуција
САНМАРТИ е дистрибутер на: Лив, Армал, Аклимат, Коин, Цинкарна, Варстрој, Електроде Јесенице, Елко Електроковина, Токос,Штруц Товарна кос ин српов, Штруц Ковачија Мута, Изотерм Плама, Агроком, Искра Еро сите - Словенија, Лимекс, Комел Хрватска, Хатриа, Ремер, Бугати, Галасиа, Новабел, Рањо, Санипласт, Ефепи - Италија. Грое - Германија.