Logo

Агромаркет Игор

agromarket igor logo

Адреса: м.в.Голем Рид бр.202 с.Владевци, Струмица, Македонија
Tелефон: +389 34 323 022
Е-маил: agromarketigor1@yahoo.com

web   fbfb   instagram

Работно време:
Пон - Пет од 08:00 до 16:00

      ОПИС                

ДТУ Агромаркет Игор е основана во 1999 година. На почетокот, бизнисот беше малопродажен (претежно земјоделски фармацевтски продукти), но во 2002 година решивме да ја зголемиме продажбата, т.е да започнеме комплетен бизнис. За таа цел, со сите наши контакти од одредени надворешни компании, склучивме договор за овластено претставништно во Република Македонија. Таков договор имаме со Грчката компанија за ѓубрива – “Nature“, а истовремено обезбедуваме и транспорт (пикап комбиња) за дистрибуција на добра низ територијата на Р. Македонија.
Интензивни контакти со други странски компании се остваруваат со забрзано темпо. Како резултат на тоа, нашата компанија е претставник на многу странски компании како што се “Semo“ – Чешка република, “Nature“ – Грција, “ Мikskaar AS “ – Естонија, “ Аnorel “ – Белгија, “ Elixir Zorka “ – Србија, “Alba Milagro“ – Италија, “Sgaravatti“ – Италија, “Institut za povratarstvo“ – Србија. Исто така го зголемивме и возниот парк, што дополнително го прошири пазарот во Р. Македонија.
Благодарение на добро организираната дистрибуциска мрежа ние пласираме голема количина земјоделски продукти кои ги увезуваме. И не само одлични минерални ѓубрива, туку и семиња и други материјали за зголемување на квалитетот и квантитетот на земјоделското производство.

На пазарот започнавме да пласираме и наши минерални ѓубрива од типот на кристални НПК ѓубрива и течни ѓубрива, а во иднина планираме да продолжиме со ова темпо на производство и пласман на минерални ѓубрива, течни ѓубрива, гранулирани ѓубрива и сл.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Агромаркет Игор

     МАПА                 

Печати

2015 @ Biznis.eu.mk