![]() |
Адреса: Гоце Делчев бр.30, Струмица, Македонија Работно Време: |
Шонте БС ДООЕЛ претставува семеен бизнис кој е препознатлив на пазарот веќе 30 години со надимак ШУНТЕ. Кланица Шунте нуди вискоко квалитетни производи и услуги по највисоките европски стандарди за квалитет вклучително и НАССР стандардот. Главна дејност е колење на ситен и крупен добиток за пласман на домашен и странски пазар. Услужното колење е друг важен дел понудата на ШОНТЕ БС. Објектот располага со три линии за колење свињи, говеда и јагниња кои се одликуваат со високи хигиенски стандарди како и НАССР принципи имплементирани во работењето.
Исто така во склоп на кланицата, Шонте БС поседува и сопствена месара, месара “Шунте” лоцирана на булевар Гоце Делчев бр.30, во Струмица. Свежото свинско, телешко и јагнешко месо се наша препознатлива карактеристика, а застапени се во секаков вид преработки.
Телешко, јунешко и говедско месо се нуди од прва класа во секакви преработки.Во склоп на кланицата и месарата во непосредна близина на месарата се наоѓа и скара на кило “Шунте” во која можат да се вкусат сите преработени производи од месо, препознатливата шарска плескавица, пилешки и свински увијачи, познатите струмички кебапи и домашни коласи како и многу други специјалитети.