Logo

Применето Аикидо Наге Ваза

nagevazalogo 

Адреса: Ул.Сава Ковачевиќ бр.77,Основно Училиште "Круме Кепески"
Мобилен: 070/220-855
Email: praktikaikido@gmail.com

  


      ОПИС                

 

Што е Аикидо?

Како тренер многу често ми го поставуваат ова прашање и секогаш сум се прашувал како да одговорам,а да не ги збунам или дадам повеќе информации од што е потребно во тој краток момент. Ќе ја искористам оваа прилика, можеби не сум најкомпетентен,но, ќе се обидам во кратки црти да опишам.

Аикидото е релативно млада борбена вештина на самоодбрана, која со примена на разновидни техники и методи е исклучиво флексибилна за вежбачи од сите возрасти и пол. Аикидото е Јапонска борбена вештина, а самиот збор може да се преведе, но, не и да даде севкупно објаснување за суштината на самата вештина.

Аи ки до - пронаоѓање на пат до усогласување, развој и градација на духот и телото. Конкретно, Применето Аикидо со склоп на техники и методи е прилагодлива и променлива борбена вештина во даден и свесен момент на реакција, воспоставување на храмонија без употреба на физичка сила.

Аикидо техниките се изведуваат со примена на Вашата енергија како одговор на енергијата на Вашиот противник, овој многу важен елемент го прави Аикидото применливо за сите, без разлика на пол, возраст, или колку е некој слаб или јак.
И како клуб, ова е наша мотивација секој да може да ја употреби оваа прекрасна вештина во даден момент во склад на време, место и услови. Аикидото има голема употребна вредност во обуката на сите структури во областа на обезбедувањето, било да се работи за поединец или тим, кои се занимаваат со оваа и тоа како сериозна служба.  Тешко е да се замисли било каков обид за извршување на овој вид на работа што вклучува и познавање на некоја одбранбена боречка вештина, обврзувачки дел во обуката на сите служби за обезбедување.

Клубот Наге Ваза се држи до општите и индивидуални цели:
*Препознавање на вредностите на младите како човечки потенцијал
*Препознавање и разбирање на потребите на младите
*Подготвување на младите за остварување на сопствените цели
*Јакнење на моралните, етички и духовни вредности
*Социјален развој и социјална интеграција
*Промоција на етика, толеранција и соживот
*Елиминација на супресија, односно потиснување од различно социо-културно потекло

Нашиот систем е плод на долгогодишно искуство во Македонија и странство, програма за деца, систем за самоодбрана кој се состои од разни блокови, зафати, полуги и контроли со постојано усовршување на технички и надградба на знаењето во склад со индивидуалните потреби и можности за секој член.

Автор: Драги Тоневски, црн појас, трети-дан

    ГАЛЕРИЈА           

 

Применето Аикидо Наге Ваза

     МАПА                 

Печати

2015 @ Biznis.eu.mk