Пливачкиот клуб Вардар 2018 е основан во јануари 2018 година. Основан за напредок и развиток на спортот во државата, клубот се залага за подигнување, надградување и поттикнување на спортот и спортскиот дух кај младите но и кај возрасните.
Во ПК ВАРДАР2018 членуваат преку 150 деца и возрасни за чиј напредок се грижат 7 тренери. Како релативно млад клуб, ПК ВАРДАР2018 е еден од најдобрите Пливачки клубови во државата, а два пати е прогласуван за НАЈДОБАР клуб за помлади пионери. Во ПК ВАРДАР2018 членува и нашиот најдобар пливач во Маратонско пливање-Евгениј Поп Ацев, прогласуван за најдобар спортист на 2017 година, освојувач на многубројни светски титули и признанија. Останатите натпреварувачи во клубот се истакнуваат по многубројните медали признанија и рекорди.
Рекреативно или професионално, клубот се грижи за сите свои членови, организира подготовки и натпревари на национално и меѓународно ниво.
Тренинзите се одвиваат на "Олимпискиот" базен од понеделник до сабота од 18:00h и на Базен "Борис Трајковски" - понеделник, среда и петок од 17:00h, вторник и четврток од 20:00h и сабота од 18:00 h.