Logo

Био Инженеринг

 bioinzenering

Aдреса: Ул. “Иван Аговски” 7-1, 1000 Скопјe
Телефон: +389 02/3/070-369
Мобилен: +389 70/454-569
+389 70/260-344
Еmail: info@bioengineering.mk

Лабораторија
Адреса: Бул. АВНОЈ Бр. 94/2/1, 1000 Скопје
Телефон: 02 2/443-993
E-mail: biolab@bioengineering.mk

 

web    fbfb

      ОПИС                

 Био Инженеринг Доо е основана како приватна компанија во 1998 години во Скопје, Македонија, специјализирана за истражување и развој на нови производи, системи и иновативни технологии во областа на екологија и индустриска биотехнологија. Изминатата година, како добитник на кофинансирачки грант од Фондот за Иновации и Технолошки развој, Био Инженеринг Доо ја прошири својата дејност формирајќи Истражувачки центар за применета микробиологија и биотехнологија д-р Кунгуловски. Истражувачкиот центар врши рутински микробиолошки анализи на вода, храна, козметички производи, земја, компост и микробиолошки ѓубрива, спроведува молекуларни метагеномски анализи и разрешува најразлични индустриските проблеми, а воедно се занимава и со научно-истражувачка дејност. Компанијата е добитник на неколку национални и интернационални награди за патенти и пронајдоци и претставува редовен партнер-учесник во FP5, FP6, FP7 проекти. Јадрото на компанијата е составено од универзитетски професор (микробиологија и индустриска биотехнологија) и двајца доктори на науки. Во Центарот се врши изолирање на чисти култури микроорганизми (бактерии, квасци и мувли) и нивно умножување кои понатаму наоѓаат широка примена во системите за третман на комунални и индустриски отпадни води, во традиционалното и органското земјоделско производство како биофертилизатори, стимулатори на растењето, биопестициди, во сточарското производство како пробиотици и пребиотици и др. Сметаме дека ќе понудиме технолошки решенија за овој проблем кои за првпат во Македонија ќе бидат поткрепени со научни и искуствени сознанија. Технологиите кои ги користиме се специфични за секоја индустрија, за секој посебен клиент, а со нив се придонесува кон намалување на тековните материјални трошоци.
ДИЗАЈН НА ПРОЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА: Технологијата БИГ–СБР (секвентен биореактор) е имплементирана во модуларни пакети на прочистителни станици БМП (БИГ Модуларни Прочистителни станици) за третман на комунални отпадни води од различни извори, со цел редуцирање на органските полутанти и биолошката потрошувачка на кислород (БПК) во рамките на пропишаните европски регулативи.
КВАЛИТЕТ НА ТРЕТИРАНИТЕ ОТПАДНИ ВОДИ: Прочистителните станици за третман на отпадни води со ознака БИГ- БМП за отпадни води произведуваат ефлуент со 20 mg/L БПК и 30 mg/L суспендирани материи. Терциерниот третман е дополнителна опција која е предвидена за БИГ-БМП за подобрување на квалитетот на веќе третирани отпадни води. Може да се обезбеди опрема со која ќе се постигнат стандардите потребни за користење за водата за наводнување. Со понатамошни напредни третмани на отпадни води може да произведе соодветен квалитет на водата за рециклирање и висок квалитет на ефлуентот за повторна употреба.

Tестови:
-Микробиолошка контрола на храна
-Микробиолошка контрола на вино
-Микробиолошка контрола на козметички производи
-Микробиолошка контрола на органски ѓубрива, седименти...
-Микробилолошка контрола на садови, прибор и амбалажа...
-Тестови од молекуларна биологија
-Oдредување на токсини

Био Инженеринг опфаќа три сектори:
-Сектор за екологија
-Сектор за генетика
-Истражувачки Центар за Микробиологија и биотехнологија - ИЦМБ

Лабораторија за генетика и персонализирана медицина во склоп на "Жан Митрев" Клиник
Работно Време: 08:00-17:00  Контакт: 02 3/091-484
-Молекуларна дијагностика на патогени
-Kардиоваскуларни болести
-Фармакогенетика
-Нутригенетика, исхрана и интолеранции на: глутен, лактоза, фруктоза и др.
-Онкологија и терапија на рак
-Персонализирана генетика
-Неинванзивна пренатална дијагностика
-Ретки болести
-Одредување на татковство/роднински врски
Лабораторијата е лоцирана во “Жан Митрев Клиниката” и во неа се нуди нов и оригинален пристап во медицината, со дијагностика и медициски одлуки базирани на најновите геномски технологии во високо професионална средина.”
Оваа нова стратегија на практикување на медицината ќе овозможни откривање на болестите во нивниот најран стадиум, уште пред да се појават нејзините први симптоми. Оваа промена во пристапот од реактивна до проактивна грижа за пациентите ја прави нашата лабораторија лидер во начинот на којшто медицината денеска треба да се практикува. Лабораторијата е резултат на партнерската соработка помеѓу Жан Митрев Клиниката и Био Инженеринг Доо.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Био Инженеринг

     МАПА                 

Печати

2015 @ Biznis.eu.mk