![]() |
Адреса:Климент Охридски бб, Пелагонка 2, ламела 2/6, Битола |
Компанијата МЗТ ИНЖЕНЕРИНГ се занимава со:
- Производство на метални елементи и склопови, при што ги опфаќа следниве активности: длабоко извлекување, штанцање, пробивање и втиснување, заварување и пунктирање, монтажа, CNC сечење со плазма
- Проектирање и изработка на алати
- Линија за површинска заштита, бојадисување (електростатско и течно), фосфатирање
- Целосен градежен инженеринг, изработка на челични конструкции
- Застапник на повеќе светски производители на рударска и термоенергетска опрема и мониторинг системи во производните процеси
- Изработка и испорака на покривни лимови, олуци и опшивки од пластифициран и поцинкуван лим
ВИЗИЈА
Нашата визија е МЗТ ИНЖЕНЕРИНГ Битола да прерасне во балкански лидер во областа на длабоко извлекување и метал штанцање, постигнувајќи врвен квалитет на производите, навремена испорака и комплетно задоволство на купувачите. МЗТ ИНЖЕНЕРИНГ - Битола е основана во 1984 година, а во 1998-та започнува со сопствено производство, пред сé, на метални отпресоци и метални елементи и склопови, по пат на длабоко извлекување и метал штанцање.
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕРИНГ
МЗТ Инженеринг - Битола, е оспособена за изведување на градежен инженеринг што опфаќа комплетна изработка на сите елаборати за истражување, проектирање и изведување во сите фази. Посебна област во градежниот инженеринг, каде што фирмата е специјализирана, за изработка на челични конструкции на индустриски и термоенергетски објекти во сите фази, по системот “клуч на рака”. За остварување на овие активности фирмата располага со стручни и изведувачки тимови од сите области на делување.
ОПРЕМА – ТРГОВИЈА
МЗТ ИНЖЕНЕРИНГ е застапник и преставник на повеќе фирми кои се главни светски производители на рударска опрема, термоенергетска опрема, мониторинг системи во производните процеси и тоа:
• • Vitkovice, Чешка - рударска и енергетска опрема;
• • Prodeco, Чешка - рударска опрема- ескаватори
• • Unex, Чешка - рударска опрема- ескаватори
• • Enelex, Чешка - мониторинг системи во рудаство
• • Transys, Чешка - транспортни системи
• • FAM, Германија - рударска опрема- ескаватори
• • JCT Anylusentechnick, Австрија - мониторинг системи за емисија на штетни гасови, прашина
• • Superlit, Турција - ГРП (Тесал) цевки
• • CERB, Бугарија - ремонт на електромотори и трансформатори
• • Energoremont, Бугарија - ремонт на термоенергетски системи
• • Uralhimash, Русија - опрема за термоенергетика
• • Cehovski zavod, Русија - вентили, арматура
• • ELYN, Грција - темоенергетска опрема