|
|
Адреса: С, Тимјаник 1440 Неготино Телефон: +389 75 263 435 Е-маил: agro-kalem@hotmail.com Раб. време: од Понеделник до Петок 7.00 -15.00 |
Од плодната земја на село Тимјаник, Неготино, семејната бизнис приказна, на Гоце и Васка Мојсовски, создава производи со врвен квалитет и доверба.
Под сончевите зраци, покрај реката Вардар, на 150м надморска височина, се наоѓаат плантажите со трпезно грозје и расадникот за лозов и овошен саден материјал.
Што нудиме?
Широк асортиман на овошни садници: јаболко, слива, круша, кајсија, цреша, праска, вишна, бадем, орев...
Лозови сорти:
-Вински и трпезни.
За да го зачуваме квалитетот, инвестиравме во сопствен ладилник и современи техники за берба, пакување и складирање.
Посебно внимание посветуваме на пакувањето и амбалажата, бидејќи веруваме дека токму тоа носи додадена вредност и ја зголемува конкурентноста на домашниот и странскиот пазар.
Нашата мисија е јасна:
Да испорачаме квалитет кој ги исполнува потребите на секој клиент – прецизно сортиран, сигурен и подготвен за пазарот.
АГРО КАЛЕМ – традиција, квалитет и посветеност во секој плод