log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

1-ва книга

1 va kniga

 

Адреса:Димитрија Андонов Папрадишки бр.20 Речани, Велес
Телефон:+389 43 231 254
                 +389 75 422 772
Факс: +389 43 231 258
Е-маил:prvakniga@t-home.mk
Работно време:
Пон - Саб од 07:00 до 15:00
web    fbfb

 

      ОПИС                

Со повеќе од 20 години традиција, квалитет и богато искуство зад себе, денес ние претставуваме една од најголемите и најуспешните флексо печатници во Mакедонија.

Сместена во индустриската зона на градот Велес, ДООЕЛ 1ва Книга е пример за компанија која се држи во чекор со современите стандарди и светската технологија. Тајната на нашиот успех е високото ниво на иновативност, софистицираност, квалитет и прецизност во производството, како и целосно почитување на желбите на нашите клиенти.

Следејќи ги современите текови на флексо индустријата, располагаме со 2000 метри квадратни производство - административен простор, над 50 вработени и високо квалификуван менаџерски тим. Јасна претстава на промените на пазарот, искуството, динамиката и високата технологија им даваат сигурност на нашите клиенти, партнери и соработници. Високо квалитетна подготовка, печатот и доработка на производното решение го изградија нашето реноме во полето на флексо печатењето.
Секоја година инвестираме во подобрување на машинскиот парк и во подобрување на условите за работа. Наши силни страни се брзината со која нарачките се произведуваат и флексибилност спрема барањата на коминтентите.

Основна цел ни е да ги правиме Вашите проекти успешни...

Можете да се уверите !

ПОВЕЛЕТЕ ДА СОРАБОТУВАМЕ
Производи
-Изработка на идејни решенија за Вашите производи
-Изработка на полимерни аналогни клишиња
-Печатење
-Ламинирање
-Сечење на фолија во ролна
-Микроперфорација
-Изработка на готови кеси

    ГАЛЕРИЈА           

 

     МАПА                 

Печати