log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Еко-Степ

ekostepi logo

Адреса: бул.Партизански Одреди бр. 155 1 мезанин 3
1000 Скопје, Република Македонија
е-маил:info@ekostep.com.mk
Телефон: +389 (0)2 2043 380
+389 (0)2 2043 381
Мобилен: +389 (0)70 205 779
+389 (0)70 398 896
+389 (0)70 311 196
Факс: +389 (0)2 2050 440
web:http://www.ekostep.com.mk/

      ОПИС                

ЕКО СТЕП е домашна компанија за сметководство, финансиски и даночен консалтинг. Основана е во 1992 година од страна на Ленче Попчева. ЕКО СТЕП низ годините дава сметководствена и консултанска поддршка на докажани имиња во бизнисот, како за домашни така и за меѓународни компании.
Тимската работа е една од предностите на ЕКО СТЕП, при што вработените постојано го надградуваат своето образование со посета на разни семинари според најновите финансиски трендови. ЕКО СТЕП е опремена со најсовремена технологија за обработка на податоци со што е еден чекор пред конкуренцијата.
ЕКО СТЕП во 2006 година се здоби со Благодарница од Заедницата на Општинските Асоцијации на Сметководители на град Скопје за активна и успешна долгогодишна соработка и значаен допринос во остварувањето на целите и задачите на Заедницата.

Основачот на компанијата, Ленче Попчева, во 2006 година ја освои титулата “ЖЕНА МЕНАЏЕР НА ГОДИНАТА“.

ЕКО СТЕП е ISO 9001:2008 сертифицирана компанија.

ЕКО СТЕП располага со Microsoft OS software со напредна интерна IT мрежа, data storage и 24X7 backup систем.

Во своето работење се раководи од основните принципи на сметководственото работење, а тоа се:
доверливост и загарантирана тајност во работењето со Вашите податоци
експедитивност
точност на информациите
навременост во изработување на Вашата документација со што се добива можност менаџментот да донесува точни и правилни одлуки во врска со работeњето на Вашата фирма
навремено информирање за новините во законските прописи
максимална одговорност кон клиентот
Кои бенефиции ги добивате со ЕКО СТЕП како Ваше сметководствено биро?
Сконцентрираните сметководствени и консалтинг услуги во ЕКО СТЕП ќе Ви ослободат повеќе време во кое Вие и Вашиот менанџмент со повеќе енергија ќе се фокусирате на важните проблеми од Вашиот бизнис.
Сконцентрираните сметководствени и консалтинг услуги во ЕКО СТЕП ќе Ви овозможат заштеда на пари кои инаку непотребно би ги дале за дополнително вработување на книговодствени и административни работници во Вашата фирма и тоа за: обврски за плати, даноци и придонеси од плати, техничко опремување на административни простории и дополнителни трошоци околу нивна обука и набавка на стручна литература. Сето ова ќе Ви овозможи зголемување на Вашиот профит.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Еко-Степ

     МАПА                 

Печати