log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Еурофаст Глобал

eurofast logo

Адреса: ул.Никола Тримпаре бр.13, Скопје, Македонија
Телефон: +389 2 2400 225
Факс:    +389 2 2400 226
Е-маил: skopje@eurofast.eu

web   fbfb   instagram   linkedin   twiter

      ОПИС                

Еурофаст е регионална деловна советодавна организација која вработува локални професионалци во повеќе од 21 земји во Југоисточна Европа и Блискиот Исток (SEEME). Организацијата е уникатно позиционирана како едношалтерска услуга за инвеститорите и компаниите кои бараат професионални услуги во Југоисточна Европа и Блискиот Исток. Еурофаст работи со целосно функционални канцеларии во Атина, Солун, Никозија, Софија, Букурешт, Белград, Подгорица, Тирана, Скопје, Загреб, Приштина, Бања Лука, Сараево, Каиро, Александрија, Тбилиси, Бејрут, Ербил, Москва, Киев и Техеран. Нашиот тим на советници е оспособен за ефикасно одговарање на сите потреби на клиентите на еден состанок, користејќи еден јазик за сите земји од регионот.

Сите наши канцеларии се меѓусебно поврзани со најсофистицирана технологија и компјутерски системи. Централизирани се и телефонските и видео конференциите; серверските и Интранет системите водат сметка и оддалечените локации да се придржуваат до дури и најмалите детали при обезбедување на нашите услуги на клиентите, како и придржување кон нашата филозофија; со што стануваме вистински локални експерти со глобални знаења.

Историјат

Еурофаст започна со работа во 1987 година како Eurofast Services, работејќи во рамките на Euroglobal SEE Audit Limited (претходно познат како BKR Damianou and Partners). Во 2002 година, Еурофаст ги презеде даночните и консултантски оддели на BKR Damianou и преку одвојување (спин-оф) стана целосно независно од ревизорското друштво. Од 2006 година наваму, Еурофаст ги презеде застапувањата на Taxand во Кипар. Eurofast Taxand исто така е член на Здружението за инвестициски фондови на Кипар и е овластен и регулиран од страна на CySEC со ASP лиценца бр. 04/196.

Зошто Еурофаст?

Нашиот историјат трае повеќе од 28 години во кои сме работеле со големи глобални брендови и водечки институции во секторот на производство, трговија на мало, авиокомпании и фирми за други професионални услуги. Нашите клиенти се живи доказ дека Еурофаст е доверлив деловен советник во регионот.

Нашата конкурентна предност произлегува од нашата способност да обезбедиме брзи, ефикасни и ефективни услуги за нашите клиенти. Секоја канцеларија на Еурофаст се состои од тимови од по 15-60 експерти со различни потекла и искуства, вклучувајќи даночни експерти, правни експерти, експерти за спојувања и аквизиции (М&А), експерти за плати, сметководство, ревизија и консалтинг. Ангажираме експерти од различни индустрии вклучувајќи правни фирми, финансиски услуги, компании кои котираат на берза и јавен сектор, што ни овозможува на нашите клиенти да им нудиме врвни решенија.

Како успеваме

Проактивни сме и настојуваме да ги задоволуваме потребите на нашите клиенти. Нашата цел е да создадеме ентузијазам кај клиентите со давање на поголема вредност за нашите клиенти, без разлика дали таквата вредност се мери преку цената, ефикасноста, квалитетот или услугата.

Нашиот успех се должи на Дрим-тимот ("тим од соништата") на Еурофаст, кој се состои од локални професионалци од различни дисциплини, вклучувајќи адвокати, сметководители и даночни консултанти, чија посветеност и  поддршка која им ја обезбедуваат на нашите клиенти, како и нивната лојалност, стремеж кон совршенство, знаење и искуство, претставуваат наша непроценливо конкурентна предност.

Благодарение на нашиот Дрим-тим, Еурофаст е признат како лидер за даноци во Кипар. Покрај тоа, рангирани сме во редот на врвните даночни советници и прогласени за " Даночна  фирма на годината во Кипар" од страна на International Tax Review, што претставува вистинско признание за работа која секојдневно ја вршиме за нашите клиенти.

Во 2016 година, прогласени сме за "Корпоративен советник на годината за Југоисточна Европа" од страна на Acquisition International, како резултат на нашата работа која ја вршиме во регионот. Во 2015 година, Еурофаст е рангиран во Првиот столб на советници за даночно планирање од страна на International Tax Revdiew, и тоа по седми пат по ред. Во 2014 година, Еурофаст, исто така, доби признание за својата експертиза во М&А.


Нашата Мисија

Многу компании изјавуваат дека нивната најважна работа е да ги задоволат своите клиенти. Ние не! Ние веруваме дека задоволувањето на клиентот е минималниот услов за останување на пазарот. Ние не се стремиме само да ги задоволиме нашите клиенти, ние се обидуваме да ги воодушевиме. Тоа значи создавање на ентузијазам кај клиентите, давајќи им драматично повеќе вредност отколку што очекуваат, без разлика дали во поглед на цената, ефикасноста, квалитетот или услугата. Задоволство го мериме преку повторното работење за клиентот, поврзаност, разговори за и во врска со пазарот и навремена услуга.

НАШАТА ВИЗИЈА

На новите пазари каде што работиме, во Југоисточна Европа и Источниот Медитеран, до 2020 година би сакале нашата организација да стане појдовна точка за бизнисмените кои сакаат веродостојни совети на полето на советодавните, правните, даночните прашања,  спојувањата и аквизициите (М&А), осигурување, корпоративно сметководство и плати.

Ќе продолжиме да работиме со тимот составен од експерти кои се карактеризираат со напредно размислување, кои се квалификувани локални професионалци со меѓународна перспектива, кои се секогаш сигурни, ексклузивни, персонални, иновативни, одговорни, но пред се вистински личности на кои нашите клиенти им веруваат и со кои се спријателуваат.

Се стремиме да бидеме дел од врвните 10 професионални фирми рангирани во споредба со други слични по големина организации во нашиот регион, а со тоа да бидеме и изборот на илјадници клиенти.

Едноставно речено, сакаме нашите клиенти со гордост да речат: "Во овој регион од светот, работиме со Еурофаст!"

НАШАТА ФИЛОЗОФИЈА

Нашата филозофија е да испорачуваме препознатливи услуги за нашите клиенти со тоа што ќе се потрудиме да ги воодушевиме, а не само да ги задоволиме.

НАШИ УСЛУГИ
1.Фондови
2.Данок
3.Аутсорсирани услуги за плати
4.Интелектуална сопственост (ИС)
5.Трансефрни цени
6.Сметководство
7.Државјанство и престој
8.Корпоративни услуги
9.Услуги за влез на пазар
10.Merges & Acquisitions and Transactional Services

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

Еурофаст Глобал

     МАПА                 

Печати