log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Простор-18

 prostor 18logo

Адреса: Ул. Ленинова 17, Струмица
Телефон: 034/340-782
Мобилен: 078/340-782 (за Скопје)
075/488-259 (за Струмица)
Email: ag.prostor.sr@gmail.com

  

web    fbfb

      ОПИС                

 

Зошто ПРОСТОР агенција за недвижности?

ПРОСТОР професионална Агенцијата за недвижности, која постои повеќе од 10 год. Формирана е далечната 2006 год. во Струмица,
а сите овие години се градеше и надградуваше со својот професионален тим на чело со искусни и високопрофесионални менаџери.
Во текот на професионалното работење, а се со цел да ги задоволи желбите и потребите на своите клиенти, Агенцијата ПРОСТОР
пред 1 година отвори подружница и во Скопје, и ја прошири соработката со многу агенции низ цела Македонија.
Основната дејност на Агенцијата за недвижности ПРОСТОР , се продажба и изнајмување на недвижнини на цела територија на Макеоднија
и пошироко, и тоа на куќи, станови, деловен простор, плацеви, земјишта и др.
Воедно, Агенцијата ПРОСТОР е тука за да ви помогне за посредување и регулирање на вашите документи, и тоа по принципот од плац
до клуч на рака, во што е вклучено и потпишување на купопродажен договор пред надлежните органи.
Исто така, Агенцијата ПРОСТОР е тука за вас и во делот за имотно-правни проблеми, приватизација, легализација, трансформација,
комплетирање на маркици за градба и др.
Агенцијата ПРОСТОР располага со огромен број на понуди за продажба и изнајмнување на станови, куќи, деловни објекти, плацеви,
земјоделски земјишта и градежни парцели низ цела Македонија, а најмногу во Скопје, Струмица, Битола, Дојран, Гевгелија, Берово,
Суви Лаки, Велес, Радовиш, Штип и во други населени места, како и надвор од нашите граници.
Нашите агенти одговорно и професионално ќе ве упатат во нашето работење и се она што вам и на вашите најблиски ви е потребно.
Спремни сме, и она што го немаме во нашата понуда да го најдеме и приспособиме за вас, а се со цел да ги оствариме вашите желби
и потреби.
За сите наши активности, гаранција за квалитетот на нашите услуги се големиот број задоволни клиенти, и завршени купопродажби,
и изнајмени простори.
Доколку ни ја укажете вашата доверба, со ресурсите што ни се на располагање како агенција со долгогодишно реноме и квалитет,
на најодговорен и висококвалитетен начин, ќе можеме да ве увериме во нашето работење.
*ВАЖНО:
-Работиме со маркици, продажба на станови и плацеви.
-Очекуваме понуди за маркици и плацеви на територијата на Скопје и населбите, и побарувања од инвеститори кои се заинтересирани за градење во Скопје и околината на Скопје!
Со почит, Агенција за недвижности ПРОСТОР

    ГАЛЕРИЈА           

 

Простор-18

     МАПА                 

Печати