log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Кожувчанка

kozuvcanka logo

Адреса: Шишка бр.37, Кавадарци, Македонија
Телефон: +389 43 420 975
+389 43 400 963
Факс:+389 43 420 975
Е-маил:info@kozuvcanka.com.mk

web   fbfb

      ОПИС                

Кожувчанка ДОО Кавадарци е приватно претпријатие формирано во 1995 година од фамилија Јанчеви. Покрај првиот производ на оваа компанија, најквалитетната, минерална вода Кожувчанка, оваа компанија ја произведува и природната изворска вода.

Исто Кожувчанка од Кавадарци е овластен производител и дистрибутер на SINALCO, газираните сокови меѓу кои вкусови се бројат и негазираните сокови SINETTA, како и енергетскиот пијалак ENERGIS.

Во 2015-та година компанијата Кожувчанка го лансира и новиот прозивод НАШЕ МАКЕДОНСКО ПИВО на пазарот, инвестирајќи во својата Широка палета пред потрошувачите. Наше Македонско Пиво е унапредувањето на Кожувчанка, која како компанија секогаш е во тек со времето и побарувачката на пазарот.

Оваа компанија, со својата 20 годишна традиција во производство на вода и сокови е една од најбрзо растечки производителни компании во Македонија, а со над 100 вработени се карактеризира како компанија која се грижи за општество и неговиот квалитетен живот, со повеќе од 20 дистрибутери и одлична покриеност низ целата земја, производите на Кожувчанка се достапни за секој.Фабриката во која се преработуваат производите е опремена со најсовремена техничко-технолошка опрема, со еколошка филтрација која гарантира во секој момент здрав и квалитетен продукт на пазарот.

Денес, успехот на компанијата се должи на менаџерскиот тим, предводен од г-дин Митко Јанчев, а со посветеноста за стекнување доверба кај потрошувачите, компанијата работи да остане дел од секојдневниот, квалитетен живот на граѓаните.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Кожувчанка

     МАПА                 

Печати