log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

два сокола

dvasokolalogo

 

Адреса: Маврови анови 20, 1230 Гостивар
Телефони:+389 (075) 458 183; +389 (075)215 355
Е-маил: dimitar_gligorovski@yahoo.com

fbfb   instagram

      ОПИС                

Два Сокола е гостилница која се наоѓа во Маврови Анови и датира од 2004 година со комерцијално работење, но нашите рецепти се стари повеќе од 80-тина години. На редовните гости во Маврово многу добро им е позната тенкосуканата пита со сирење или пак со спањак и сирење во комбинација со кисело млеко, просто неопишлив момент за Ваше комплетно уживање во Маврово.
Рецептот е усовршуван со години и генерации, но големиот мајстор вели тајната е во внимателно бираните намирници. Строго се користи сирење кое потекнува од поднебјето на Бистра планина, додека пак спањакот се одгледува во домашна градина во контролирани услови. Корите се исто така многу важни но не споделуваме рецепти кои се строго чувани во тајност низ годиниве. Секако јасна е магијата и мајсторијата штом се потребни 3-4 часа за само 6 пити да бидат подготвени и испечени.
Покрај извонредната пита, во Два Сокола можете да пробате бурек со месо или сирење кои исто така се поврзани со семејната традиција која се развивала низ годините. Не ги заборавајте и напите домашни десерти како баклава, кадаиф и штрудла со јаболко.

    ГАЛЕРИЈА           

 

dva sokola

     МАПА                 

Печати