log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

ЈКП Дервен Велес

 dervenveleslogo

Адреса:Вардарска бр.18 1400 Велес
Телефон:+389 43 231-011
Факс: +389 43 222-608
Дежурен телефон за дефекти: +389 43 231-820
                            +389 76 308-038
E-пошта: info@derven.mk

web    fbfb

      ОПИС                

 Претпријатието е основано со Одлука на Собранието на Општина Велес бр.08-5293 од 05.12.1989 година и е организирано како Јавно претпријатие за комунални дејности „Дервен“ – Велес и истото со Решение бр.1666/89 од 22.12.1989 година е регистрирано во Окружниот стопански суд Скопје.
Јавното комунално претпријатие ДЕРВЕН – Велес е основано за вршење комунални дејности како дејности од јавен интерес на Општината Велес.
Согласно основачкиот акт и Статутот на претпријатието, главни активности на ЈКП Дервен се:
– Преработка на вода, дистрибуција на истата до корисниците и одржување на објектите и опремата од системот за водоснабдување.
– Прифаќање и одведување на фекалната вода и одржување на канализационата мрежа.
– Собирање, изнесување и депонирање на комунален и индустриски цврст отпад од станбени, деловни и индустриски објекти во сопственост на физички и правни лица.
– Чистење на јавни прометни површини.
– Управување со градските гробишта.
–  Одржување на градската депонија.
–  Одржување на депонијата за градежен шут.
– Уредување, одржување и подигнување на градско зеленило.
–  Организирање на пазари на мало.
–  Инженерство, техничко советување и изградба на објекти од нискоградба.
Со услугите кои ги дава ЈКП ДЕРВЕН опфатен е градот Велес со 48.000 жители, приградската населба Превалец и селата Горно Оризари и Башино Село кои имаат вкупно 3.000 жители. Вкупното население опфатено со услугите кои ги врши ЈКП ДЕРВЕН е 51.000 жители.
Опфатеност на населението со водоснабдувањеСо водоснабдување опфатен е градот Велес, приградската населба Превалец и село Горно Оризари. Вкупната опфатеност на населението во овие места со водоснабдување изнесува вкупно 99 %.
Опфатеност на населението со канализацијаСо услугите за одведување на отпадни води, т.е. со канализационен систем опфатен е само градот Велес и тоа со 97,5% од вкупниот број на жители.
Во извршување на своите задачи и активности ЈКП ДЕРВЕН ги почитува следните принципи:
Задоволување на потребите и интересот на нашите потрошувачи. Наша крајна цел е тие да бидат задоволни од услугите што им ги даваме. Превземање на сите неопходни мерки за заштита на животната средина, а со тоа и зачувување на природните ресурси. Обезбедување на компетентна стручност и едукација на вработените, пред се на раководните структури.
    Постигнување на што поголема економичност во работењето со максимално користење на постоечката опрема, механизација и работна рака.
    Воспоставување на перманентна комуникација со корисниците и потполно разбирање за нивните предлози и сугестии.
    Водење сметка за развој на претпријатието со дефинирање на вкупно потребните инвестиции како по вид, така и по приоритет.

    ГАЛЕРИЈА           

 

ЈКП Дервен Велес

     МАПА                 

Печати