log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

ЛИНЕА ДООЕЛ БИТОЛА


linea bitola1 

Адреса:  Довлеџик ББ
Битола, Македонија
Телефон: +389 47 800 022
Е-маил: info@lineabitola.mk

      ОПИС                

Фирмата ЛИНЕА ДООЕЛ – Битола е основана и започна со работа во 2000 год. при што клучна заложба во текот на изминатиот плоден период е професионалноста и одговорноста, соединети со неприкосновен квалитет и уникатен дизајн. Во текот на една деценија нашата фирма се етаблира во една од најпознатите фирми на овие простори со свој препознатлив стил.

ЛИНЕА – Битола се бави со производство на секаков вид мебел – опремување на станбен и деловен простор, наменет за македонскиот и европскиот пазар. Освен по врвниот квалитет, познати сме и по тоа дека на нашите ценети купувачи им нудиме дизајн и функционалност по прифатливи цени. Голем дел од производството се изработува по мерка, па услугите на нашата фирма вклучуваат прецизни мерења во вашиот дом или јавен објект од страна на стручен архитект, а со помош на современите програми кои ги поседуваме Ви се нудат решенија со тридимензионална компјутерска анимација која ги презентира вашите желби и замисли.

ЛИНЕА – Битола има и сопствена линија за производство на врати по мерка, според ЕУР стандарди. Нивниот дизајн е единствен и најрепрезентативен.

Нашиот специјализиран тим е секогаш подготвен да Ви излезе во пресрет со вредни совети за внатрешен дизајн и уредување, односно да Ви помогне да го направите вистинскиот избор.

    ГАЛЕРИЈА           

 

     МАПА