log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

ООУ КОЧО РАЦИН С.ПЕТРОВЕЦ, ПЕТРОВЕЦ СКОПЈЕ


 

Адреса:Ул.1 бр. 185 Петровец
Телефон:02/256-1342 / 072/218-032
Е-маил:
oukocoracin@yahoo.com

      ОПИС                

Кочо Рацин или целосно Koста Апостолов Солев Рацин (Велес, 22 декември 1908 – Лопушник, 13 јуни 1943) — македонски книжевник и комунист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, филозофијата и книжевната критика.

Кочо (Коста Солев) Рацин е роден во 1908 година, во Велес. Уште во детството ја запознава сиромаштијата. Неговиот татко, грнчарот Апостол, не можел да му пружи поголемо образование, бидејќи грнчарскиот занает и состојбата на семејството барале многу напори и време за малечка заработувачка. Поради тоа, по завршувањето на првиот клас од нижа гимназија, веќе во својата тринаесетта година, Кочо бил присилен да му се посвети целосно на татковиот занает. Коста Рацин имал две сестри, Деса Солева и Грозда Солева и тројца браќа Александар Солев, Димко Солев и Никола Солев.

Творештвото на Кочо Рацин опфаќа неколку области: поезија,проза, историски списи, филозофски списи, литературна критика и есеи. Својот најголем придонес го дава во областа на поезијата, особено со својата стихозбирка „Бели мугри“, објавена во Загреб, во 1939 година и напишана на македонски јазик и македонска азбука, 6 години пред официјализирањето на заседането на АСНОМ, што јасно говори за постоење на македонска самосвест, јазик, азбука и култура. Неговите придонеси и во останатите области се важни, но тие главно се во сенка на неговото поетско творештво.

 

 

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

     МАПА                 

Печати