Адреса:Општина Јегуновце |
Просторот на Општина Јегуновце уште одамна бил населен, за што сведочат голем број пронајдени предмети уште од одамнешни времиња. Постои континуиран развој на населбите, изразен преку бројни археолошки наоди: некрополи, ранохристијански градби, цредновековни цркви и др. сведоци на културното наследство на овие простори
Беловиште:
Градиште утврдена населба од доцниантичкото време. На северозападниот раб на селото се издига висок рид со стрмни падини што доминира над околниот терен. На врвот има остатоци од тврдина со кули и подградие.Според начинот на ѕидањеето на бедемот, најнапред била заштитена северната страна, а подоцна јужната.Тврдината има неправилна триаголна основа со димензии од 120 м во правецот север-југ 50 м во правецот исток-запад. Во подградието се распознаваат темели од објекти, а во цитаделата има фрагменти од керамички садови, питоси, тигули, а биле најдени монети од IV и V век.
Поле, населба од доцниоантичкото време. На 2.5 км јужно од селото се гледаат остатоци од поголема селска населба-викус. Со орањето на нивите на површината е исфрлен голем број фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и кршен камен
Вратница:
Кале – Мали Орман утврдена населба од доцниантичкото време. На 3 км северозападно од селото, кај уткоата на Ливадичка Река во Љуботенска Река се издигаат стрмни карпи на кои има издолжено плато опкружено со остатоци од бедем седан од кршен камен и варов малтер. Населбата има доминантна положба, со извонредно добар поглед кон околината. Освен со бедемот, природно е заштитена со стрмните падини, а преку седлото на северозападната страна е поврзана со планината Љуботен.
Св. Дуси. Средновековна црква. На северниот раб на селото се гледаат остатоци од ѕидови на мала црквичка.
Св.Петка, Средновековна црква. Северозападно од селото, во непосредната близина на денешната црква се гледаат остатоци од мала црквичка.
Тумба, населба од римското време. Во селото, на просторот меѓу месностите Ливадице и Две Тумбе се наоѓаат фрагменти од керамички садови и множеството градежен матријал
Црквиште Константин и Елена, средновековна црква. Во месноста Честодубје, што се наоѓа на југоисточната страна на селото, има остатоци од црква со нартекс, долга 18,20 м и широка 4,20 м, градена од кршен камен и варов малтер, Нартексот е Широк 10 м.
Жилче:
Просечник населба од римското време. Од десната страна на пато што воид за селото Лешок, по површината на нивите се наоѓа множество фрагменти од керамички садови, питоси и градежен матријал
Јажинце
Црквиште, средновековна црква и некропола. Според историските извори, на горната страна на селото постоела црква посветена на Св.Спас. На површината се гледаат големи камени плочи од гробни конструкции и фрагменти од керамички садови.
Јанчиште
Тумба, населба од римско време. На околу 1 км јужно од селото, од левата страна на патот за селото Прељубиште, во нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и грањежен матријал
Ќерамидница, населба од римското време. Во непосредната близина на железничката пруга, од нејзината лева страна се среЌаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многуброен градежен матријал.
Јегуновце
Градиште, утврдена населба од доцноантичкото време. Источно од селото, на десниот брег на Вардар, на висок карпест рид со зарамнето плато се наоѓаат остатоци од одбранбен дедем. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многуброен градежен матријал, а се гледаат и темели од повеќе објекти.
Кај Фабриката некропола од римското време. Во дворот на Металуршкиот комбинат Југихром, во текот на градежните работи во 1956 год. Се откриени гробови со конструкции од камени плочи – тип циста. Во еден од нив е најдена плоча со грчки написи од седум реда и необична плоча со грчки натпис во седум реда и необична релјефна сцена,
Имено, лево стои постар маж со куса туника, со крената десна рака, а со левата става жртва над ара. Десно стои дете свртено кон арата, а понатаму од него ,сосема десно се претставени маж и жена со превез наг лава. Плочата се чува во Музејот на Македонија.
Пештер, некропола од доцниот среден век. На околу 2 км источно од селото, во подножјето на Жеден на мала височина се гледаат гробови градени од камени плочи, со ориентација исток-запад
Орашје
Орашко Кале – Собри, утврдена населба од доцноантичкото време и средниот век со црква и нкропола. Се наоѓа на околу 3,5 км јужно од селото, на еден висок рид (кота 715) што доминира над Дервенска Клисура. На врвот има остатоци од темели на бедем и одбранбени кули ѕидани од кршен камен и варов малтер, а во внатрешноста темели од повеќе мали објекти, фрагменти од керамички садови и расфрлен градежен матријал. Најдени си и монети од ИВ и В век. Во подножјето на тврдината од северната страна има остатоци од црква и околу неа гробови со камени конструкции.Тврдината под името Хисар постоела и во ЏВ век.
Прељубиште
Брезјанско Нивче, населба од доцноантичкото време. Западно од селото, во нивата на Б. Настевски, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, имбрекси и градежен матријал.
Три Тумби, населба од неолитското време. Во средишниот дел на селото, во непосредна близина на трафостаницата се гледаат три тумби кои делумно се оштетени со изградбата на станбените објекти и на трафостаницата. По површината се среЌаваат фрагменти од керамички садови, куќен лепеж и камени и кремени орудија
Раотинце
Арбино, населба од доцноантичкото време. Западно од селото, покрај поранешното корито на реката Бистрица, при обработувањето на земјата биле откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен матријал
Сиричино
Брце, некропола од доцноантичкото време. Источно од селото, во непосредна близина на селското училиште се откриени гробови градени од камени плочи и питоси
Матеички Дол, депо на средновековни монети. Во атарот на селото во 193 година е откриено депо со бакарни византиски скифати од ЏИИ – ЏИИИ век. 163 монети се чуваат во збирката на Музејот на Македонија во Скопје, а според кажувањето на жителите, во депото имало повеЌе монети што се растурени меѓу селаните.
Старо Село
Градиште, населба од неолитското време. Северно од селото, во правецот на селото Рогачево, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, куќен лепеж и орудија од камен и кремен.
Дубје, некропола од римското и доцноантичкото време. На јужната периферија на селото, на една од мала височинка се откриени гробови. При заштитните археолошки ископувања извршени во 1982 година се најдени бронзени монети, токи и друго. Наодите се чуваат во Музејот на тетовскиот крај
Цветков Рид, населба од доцноантичкото време. Југоисточно од селото, под ацфалтниот пат, на голема површина се среќаваат фрагменти од керамички садови , питоси, тегули и множество градежен матријал.
Туденце
Црквиште, црква од доцниот среден век. Југоисточно од селото, на мала височинка со зарамнето плато се гледаат остатоци од еднокорабна мала црква.
Шемшово
Сред село, населба и некропола од доцноантичкото време. На периферијата на селото и западно од него се откриени темели од повеќе објекти, а по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси имножество градежен матријал. Според кажувањето на жителите, биле најдени и гробови
{mosmap width='800'|height='500'|lat='41.425455'|lon='22.012209'|zoom='13'|mapType='Normal'|text='Општина Јегуновце'|tooltip='Општина Јегуновце'|marker='1'|align='center' }