log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Општина Конче


koncelogo
 

Адреса:Општина Конче
Телефон:+389 32630 325
Е-маил::
opstina.konce@t.mk
web    

      ОПИС                

Општина Конче — рурална општина во Југоисточна Македонија. Центар на општината е селото Конче и во рамките на Општина Конче се уште 13 други населени места. Општината се наоѓа под падините на планината Серта, на околу 150 километри оддалеченост од главниот град Скопје, на автопатот Радовиш-Струмица. Општина Конче има вкупно население од 3,690 жители (2002) и вкупна површина од 233,05 километри квадратни. Населението на Општина Конче е воглавно Македонско, но има и мало турско малцинство. Актуелен градоначалник на Општина Конче е Благој Илиев.
Конче било средновековено гратче кое своите почетоци ги бележи како манастрирски комплекс, а во исто време и како црковно и управно седиште. Манастирската црква која е посветена на Свети Стефан датира од пред 1366 година. Црквата и манастирот ги изградил Никола Стајневиќ, војвода на цар Душан и цар Урош. Овој комплекс, посебно црквата по својата уметничка вредност завзема важно место во историјата на македонската средновековна култура. На манастирот во Конче во тој период му биле доделени во посед следниве села: Конче, Лубница, Трескавец, Суви Дол, Дедино, Ракитец, Сеништа, Костадинци, Негрофонти, Грков Дол и Свети Костадин.
Средновековниот период во историјата на Радовиш и Радовишко се карактеризира со посебен растеж како градот така и на неговата околина, посебно на Конче. Тоа се гледа како во економската политичката и просветно-културната историја. Политичките односи биле поврзани и речиси идентични како и во другите области на Македонија. Мегутоа карактеристично е што Радовиш и Конче добиле посебно внимание во тие односи.Тоа се потврдува со вниманието што тогашните завојувачи на Македонија им го придавале на овие центри. Македонскиот народ успеал и натаму да го продолжи континуитетот на својата самобитна обособеност, зашто сведочи придонесот во просветно-културниот растеж на овој крај.
Општина Конче се наоѓа во Југоисточна Македонија, поточно на околу 150 километри оддалеченост од главниот град Скопје. Општината е дел од Радовишкиот регион, а статистички е дел од Југоисточниот регион. Општината има вкупно население од 3,690 жители со густина на население од 15,17 жители на километар квадратен и вкупна површина од 233,05 километри квадратни. Центар на општината е селото Конче, по кое е добиено и името на општината. Во рамките на Општина Конче спаѓаат 14 села, и тоа: Габревци, Гарван, Горна Враштица, Горни Липовиќ, Дедино, Долна Враштица, Долни Липовиќ, Долни Радеш, Загорци, Конче, Лубница, Негреновци, Ракитец и Скоруша. Општина Конче се граничи со Општина Штип, Општина Неготино, Општина Демир Капија, Општина Валандово, Општина Струмица, Општина Василево и Општина Радовиш.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Општина Конче

     МАПА                 

Печати