log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

КИМ

   kilnovo logo  

      ОПИС                

Секогаш посветени на потребите на потрошувачите!
КИМ е компанија посветена на потрошувачите. Основана во 1999 година, од 100 % домашен капитал, компанијата КИМ, започна со производство на доматен кечап во пакување единствено од 1 кг.
Сега производната програма на КИМ се состои од производство на доматен кечап, мајонез, сок од домати, тартар сос, чоколаден прелив, мармалади како и организирање на производство на печурки, нивно пакување и продажба и дистрибуција на сите погоре спомнати производи.

ГО ЧУВСТВУВАТЕ ВКУСОТ НА ВИСТИНСКОТО ОВОШЈЕ
Зголемувајќи ги вкусовите, им помагаме квалитетно да го менаџираат своето секојдневие, не поттикнуваат да бидеме се подобри, и остварувајќи ја нивната визија за квалитетно живеење, ни овозможуваат да правиме квалитетни производи а со тоа си остваруваме и самите себеси како компанија.
Проверен квалитет
Дизајнот и безбедниот начин на затварање се уште еден доказ за нашата посветеност кон потрошувачите.
Неодолив вкус
Неодоливи и превкусни. Вака нашите купувачи ги опишуваат џемовите на КИМ, кои се направени од вистински и најквалитетни овошја

Цврсто веруваме во иновацијата
Во овие турбулентни времиња, кога компаниите прават сеопфатни кратења и ги намалуваат буџетите за развој на нови производи, ние внимателно инвестираме во развој на нови производи.
Располагаме и со сопствена дистрибуција. Производите се дистрибуираат низ цела Македонија а испораката се врши најдоцна во рок од 24 часа од направената порачка.
Покрај во Македонија, нашите производи може да се најдат и на пазарите во Србија, Албанија, Црна Гора и Косово.

    ГАЛЕРИЈА           

 

КИМ

     МАПА                 

Печати

     КОНТАКТ                 

Адреса: ул. Индустриска бб
1440 Неготино , Македонија
Тел: +389 (043) 362 760
Е-маил: info@kim.com.mk

 fbfb   web   instagram