log in

.

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Ј.П. Билјанини Извори

JPbiljanini logo

Ј.П. Билјанини Извори во Охрид
Адреса: Булевар Туристичка бб
6000 Охрид, Р. Македонија
Тел: +389 46 231 535
Факс: +389 46 231 535
Емаил:biljaniniizvori@gmail.com
Facebook: https://www.facebook.com/JpBiljaniniIzvoriOhrid/?fref=ts

Спортска сала 078/261 – 164
Градски стадион 078/264 – 855
Атлетска патека 078/264 – 855
Градски базен 078/313 – 599
Тениски терени 078/352 – 440

      ОПИС                

Ј.П. БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ – ОХРИД
Јавното претпријатие Билјанини Извори е јавно претпријатие , формирано со одлука на Советот на град Охрид на 28 февруари 2008 година. Неговата основна дејност е да стопанисува со Спортско рекреативниот центар Билјанини извори и јавниот паркинг простор.

Спортско рекреативниот центар се наоѓа на 695 метри надморска височина, со идеални климатски услови во текот на целата година ( 232 сончеви денови во годината ), лоциран на излезот на Охрид во подножјето на планината Галичица.

Инфраструктура што ја поседува Спортско рекреативниот центар овозможува одлични услови за спортско професионално и рекреативно користење на истата, како и можности за организирање на културни, музички и други алтернативни настани.

Спортско рекреативниот центар бил домаќин на многубројни спортско-културни манифестации од кои поважни се:

Музичка манифестација Охрид Колинг 2016, 2017
Фудбалски летен камп на ФК Барселона 2017
КУП на Македонија во кошарка 2016
Европско првенство Б дивизија за шени кадети – 2015 година
Светско првенство во ракомет за шени младинки – 2014 година
Охрид Трофеј , турнир во кошарка – 2013 година
Европско сениорско првенство во ракомет за жени – 2008 година
Светско младинско ракометно првенство за мажи – 2007 година
Светско кадетско ракометно првенство за жени – 2008 година
Европско младинско кошаркарско првенство за мажи – 2000 година
Концерт на Брајан Фери ( Спортска сала ) – 2007 година
Концерт на Лени Кравиц ( Градски стадион ) – 2008 година
Концерт на Боб Синклер ( Градски стадион ) – 2009 година
Концерт на Бјело Дугме ( Градски стадион ) – 2010 година
Балканско првенство во гимнастика
Јавниот паркинг простор е втората дејност со која стопанисува ЈП Билјанини Извори. Во овој момент ние раководиме со сите јавни паркинзи на територија на Општина Охрид.

ЈП Билјанини Извори располага со човечки ( искусен професионален кадар ) и машински ресурси ( машина за бусен ) за ваѓање и поставување на бусен како и за комплетно одржување на фудбалски терени и секакви тревнати површини.


Повелете дојдете

    ГАЛЕРИЈА           

 

Ј.П. Билјанини Извори

     МАПА                 

Печати