log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

ИНТЕР-ЕВРОГЕНЕКС

 

 atrium logo2  

Фабрика: ул. Гоце Делчев, бб.
2434 Ново село, Струмица, Македонија
Претставништво: ул. Никола Вапцаров, 20/7
1000 Скопје, Македонија
Тел: + 389 2 3215800, 00 389 2 3215801
Моб: + 389 70 259222
e-mail: varumin@t.mk

   web   web    fbfb   

      ОПИС                

За нас
Интер-Еврогенекс од Ново село, Струмичко, е модерна фармацевтска и диететска компанија, која произведува хербални лекови и диететски производи во Република Македонија. Ние произведуваме околу 20 сопствени производи, кои го носат знакот „Здравје од природата“ и се присутни на македонскиот и на странските пазари.

Производите се исклучиво од растително потекло, а потекнуваат од планините Беласица и Огражден, во чија близина се наоѓа и самата фабрика. Овие планини се сметаат за чиста еколошка средина.

Интер-Еврогенекс располага со најсовремена технологија и опрема која ги исполнува сите Европски и интернационални стандарди. Располагаме со соодветно тренирани и стручни искусни професионалци кои се основа за доверба на партнерите кон нас.

misijaМИСИЈА
Наша мисија е да ги обединиме современите научни сознанија во областа на хербалната медицина и традиционалната употреба на билките во третманот на болестите, со цел да добиеме производи кои ефикасно и без несакани дејства, ќе помагаат во лекување на болестите на современиот човек.

vizija     ВИЗИЈА
     Наша визија е да формулираме и произведуваме хербални производи кои ќе ги задоволат најстрогите европски и светски барања во поглед         на квалитетот, ефикасноста и безбедноста на хербалните производи.

nacela    НАЧЕЛА
    Општествена одговорност, квалитет во работењето преку квалитетен стручен кадар, тимска работа и следење на современите текови во              работењето.

vrednosti    ВРЕДНОСТИ
    Вредностите кои ги цениме и унапредуваме се одговорност, чесност, стручност, колегијалност и чувство за припадност кон колективот и              пошироката заедница.

    ГАЛЕРИЈА           

 

ИНТЕР-ЕВРОГЕНЕКС

     МАПА                 

Печати