log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

ВОДЕНА ОАЗА ДОО


 

Адреса:Методија Шаторов - Шарло 19/1-57 Скопје

Телефон: +389 78 222 818

Е-маил:bazenifontani@gmail.com

      ОПИС                

Кои сме ние?
Вашето идеално решение за базени и фонтани.
Водена Оаза има повеќе од 10 години искуство со изведба и монтажа на опрема - одржување - третирање на базени, СПА, анимациони фонтани, водени завеси водопади...

Денешната култура, поткрепена со старо знаење, со примена на нови технологии, ни овозможува на релативно мал простор да создадеме услови кои ќе ги задоволат нашите рекреативни и здравствени потреби.

Базените имаат различни намени; тие можат да бидат детски, спортски, терапевтски, рекреативни. Базените се изградени отворени или затворени, и користат различни видови вода: термална, солена или обична. Водата во базените може да се загрева или не, и истиот може да биде монолитен или монтажен.

Водена Оаза е специјализирана компанија која се занимава со технологија на вода изразена преку формата на уживање во водниот свет. Наша задача е да им го направиме животот полесен и поудобен на луѓето, ослободени од секојдневните стресови и оптоварувања, а сето тоа во нивна непосредна близина. Нашето непроценливо искуство е стекнато со долгогодишна работа и многу задоволни клиенти.


Подготвителна етапа
Базените се познати како места каде човекот се релаксира и опушта, а телото и духот се во целосна хармонија.
Планско решение
Начин на изведба: комплет со градежни работи дo завршна фаза по желба на инвеститорот или само инсталирање на опрема и монтажа на системите за анимациа - филтрација.
Надзор и изведба
Изработуваме базени, фонтани и водопади од природен или украсен камен. Брусиме и стругаме бетонски подови на базени. Вршиме и репарација на корита од базени и бетонски површини околу базените со бетонска галантерија и штампан бетон.
Завршеток на проектот
Уживајте во водената оаза која ја создаваме за вас.

    ГАЛЕРИЈА           

 

     МАПА                 

Печати