log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

ЈКП Комуналец Свети Николе

sv nikole logo
 

Адреса:Карпошева бр. 82Свети Николе
Телефон: +389 32 443 837
Отворен телефон 24 часа: +389 32 440 282
Е-маил: info@jkpsvetinikole.com.mk
web    fbfb

      ОПИС                

ЈКП Комунaлец – Свети Никoле е локално јавно претпријатие формирано од Совет на Општина Свети Николе за извршување на комунални дејности на територијата на Општина Свети Николе.

Почетоците на претпријатието датираат, односно е основано на Народниот одбор при Општина Свети Николе на седницата одржана на 29.12.1955 година под името Управа за комунални работи “Единство” – Свети Николе. Во текот на своето работење претпријатието поминува низ повеќе трансформации, а со одлука на Собрание на Општина Свети Николе заведена под бр.08-970 од 05.12.1989 година е организирано како Јавно претпријатие за комунални дејности “Единство” – Свети Николе со следните регистрирани дејности:
Производство и дистрибуција на вода
Одведување на отпадни води
Чистење на јавни површини
Изнесување и депонирање на отпад
Оџачарски услуги
Погребни услуги
Уредување и одржување на улици
Уредување и одржување на јавни зелени површини
Услуга на пазари на големо и мало

Работењето на претпријатието во текот на 1999 година е усогласено согласно Законот за јавните претпријатија и вака функционира се 2005 година. Со одлука на Совет на Општина Свети Никоел бр.0701-1162 од 28.10.2005 година од составот на ЈКП “Eдинство” – Свети Николе се издвојува ЈКП “Комуналец” – Свети Николе и продолжува да функционира како нов правен субјект. Основна дејност на ЈКП “Комуналец” – Свети Николе е собирање, обработка и снабдување со вода, а останати регистрирани дејности се:
Собирање, пречистување и дисрибуција на вода
Активности во врска со недвижен имот
Издавање на сопствен недвижен имот
Одгледување на посеви и насади,неспомнати на друго место
Земјоделски услуги, уредување и одржување на животната средина и природата
Отстранување на отпадни води и ѓубре, санитарни и слични активности

    ГАЛЕРИЈА           

 

ЈКП Комуналец Свети Николе

     МАПА                 

Печати