log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Системски НЛП

 nlp logo

Адреса: Наум Наумовски Борче 76/3
1000 Скопје
Е-маил: contact@centerbpsee.com
Моб: (078) 402 762

web   fbfb

      ОПИС                

Невро Лингвистичкото Програмирање е мултидисциплинарна наука базирана на филозофија, лингвистика, антропологија, неуронаука, кибернетика и психологија. Исто така се однесува на фундаменталната интеракција помеѓу нашиот нервен систем, нашите потсвесни програми и нашиот јазик и како оваа интеракција го детерминира нашето однесување. Како единствен Системски НЛП центар на Балканот, преку акредитираната НЛП едукација, ви овозможуваме поинаков и уникатен процес на личен и професионален развој. НЛП е корисен во секојдневниот живот. Истовремено пронаоѓа примена во приватниот и професионалниот живот и овозможува значително подобрување на односите со луѓето со кои соработувате и живеете, со вашиот партнер, со вашите деца и пријатели. Меѓутоа,  најголемата примена и успех го доживува во работната комуникација.Одредени професии се најподложни на потребата од НЛП вештини и техники, особено оние кои инензивно работат со луѓе, клиенти, колеги или соработници. Но, исто така и во приватниот живот ја олеснува комуникацијата пред се со себе си, а со тоа и комуникацијата со другите.
 Продажба
Една од најчестите примени на НЛП е во продажбата. Она кое што го гледате како фасцинанта продажба кај многу продавачи и трговци, всушност е НЛП.  Што е тоа што ги прави успешни? Како нивните врски со нивните клиенти се поуспешни подолготрајни од оние на другите? Како еден од врвните примери за успешни продавачи е Брајан Трејси кој всушност е и НЛП тренер.
Менаџмент
Во големите системи и корпорации успешното управување и координирање со луѓето е клучно. Ако сте искусен менаџер, НЛП може да ви ги прошири видиците за луѓето. Ќе научите нови методи за да ги откриете нивните чувства и што е тоа што нив ги мотивира, кои се нивните цели. На тој начин ќе ги подобрите меѓучовечките односи помеѓу вас и вработените, како и помеѓу нив, подобрувајќи ја нивната ефикасност, а со тоа и ефикасноста и успешноста на компанијата.
Преговарање
За одличните преговарачи одамна владее тврдењето дека нивната успешност се базира на талент и дека се ретки. Но денес, благодарение на НЛП добиена е есенцијата на нивното однесување, па така што врвноста во преговарањето може да се научи како способност со помош на НЛП.
Презентации
Малкумина презентери успеваат до крај да го задржат вниманието на својата публика и при тоа да и пренесат знаење и информација, дури и да се работи за тешка материја. Разликата од останатите презентери се состои во начинот на презентирање, со внимателно набљудување на групата и нејзината динамика, како и следењето и управувањето на несвесните процеси на групата и поединците. Сето тоа лесно се учи со НЛП
Образование
Со помош на НЛП техниките, едукаторите, наставниците и професорите учат техники како најдобро да го испрезентираат знаењето кое што треба да биде пренесено на нивните ученици и студенти. Препознавајќи ги сетилата со кои нивните ученици ги примаат информациите, тие ја прилагодуваат својата форма на пренос на информацијата, со што стануваат одлични едукатори чии резултат се успешни студенти и ученици.
Психотерапија
Во НЛП психотерапијата не го истражува изворот, туку ја проучува сегашната состојба и бара модели со чија што помош таа состојба може да се промени, секако со помош на програмирањето.
Човечки ресурси
Потрагата за идеални луѓе за организациите претставува предизвик. Предизвик е да се препознаат личности кои што точно одговараат за позицијата која аплицирале, препознавајќи ја нивната мапа на светот, нивните вредности и верувања и што точно тие сакаат да постигнат, а со тоа и да постигнат за компанијата.
Спорт
НЛП има многу техники кои се насочени кон внатрешниот свет и разговорот сами со себе. Голем број познати спортисти, особено во индивидуалните спротови како што е тенисот и атлетиката, применуваат НЛП техники за да ги пребродат кризите во клучните моменти со цел да го постигнат својот врвен резултат.
Здраство
Работата со пациентите, независно за кој аспект од здравството се работи, социјалната медицина е од големо значење. Добрата работа со пациентите, смиреноста во тешките ситуации може да бидат пресуди во моменти за спасување на човечки живот, како и за разбирање на состојбата на пациентите и нивно мотивирање и кревање на вољата како докажан дел од процесот на оздравување.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Системски НЛП

     МАПА                 

Печати