log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

ДСУ за образование и рехабилитација - Искра


 

Адреса: Рибник 14
Телефон: +389 32 308 860
Е-маил:
dsuiskra@yahoo.com

      ОПИС                

Згрижување, воспитание, образование и рехабилитација на ученици младинци со пречки во развојот и посебни образовни потреби
Средното училиште за образование и рехабилитација "Искра" е средно училиште со ученички дом за ученици со посебни образовни потреби, се наоѓа во Штип, општина - Штип. Училиштето е лоцирано на 1,5 km од Центарот на градот, на магистралниот пат Штип -Радовиш - Струмица во непосредна близина на термо минералната бања „Кежовица“ во месноста Ново село.Воспитно образовната институција постои од ноември 1981 год.

Објектот во кој се сместени училиштето и домот е изграден во 1952 год и во него било сместено некогашното земјоделско училиште, а во 1979 год. е адаптирано и приспособено за вршење на дејноста на ДСУ “Искра”Суштината на постоењето на ДСУ”Искра”Штип е од посебен интерес на Републиката и е единствена институција од ваков вид во Источниот дел на Р. Македонија за згрижување, воспитание, образование и рехабилитација на ученици младинци со пречки во развојот и посебни образовни потреби.

Од оснивањето до денес своето право на воспитание, образование и рехабилитација го оствариле околу 1000 ученици..

    ГАЛЕРИЈА           

 

     МАПА                 

Печати