Адреса:с.Белчишта, Дебрца, |
Општина Дебарца — општина во западниот дел на Македонија. Центар на општината е селото Белчишта. Општината е создадена во 2004 година со спојување на општините Белчишта и Мешеишта.
Општина Дебарца се наоѓа во југозападна Македонија. Околни Општини, кои граничат со општина Дебарца се:
Од север: Општина Кичево (порано Општина Другово)
Од Југ: Општина Охрид
Од исток: Општина Демир Хисар
Од запад: Општина Струга
Дебарца има важна улога за време на НОБ. На 18 август 1943 година, на Славеј Планина, Дебарца, е формиран првиот македонски баталјон Мирче Ацев,а на 11 ноември истата година во селото Сливово е формирана Првата македонско-косовска ударна бригада. Во селото Црвена Вода, пак, во месец ноември 1943 година е формиран Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ.
{mosmap width='800'|height='500'|lat='41.301232'|lon='20.829210'|zoom='13'|mapType='Normal'|text='Општина Дебрца'|tooltip='Општина Дебрца'|marker='1'|align='center' }