log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Рајска Градина

rajskagradina logo

Адреса: ул.516 бр.4 Гази Баба, Скопје, Македонија
Мобилен: +389 78 455 307
E-маил: rajskagradina@yahoo.com

web   fbfb  

      ОПИС                

„Ние го правиме вашето јадење повкусно.”
Рајска Градина е македонски бренд кој постои од 2008 година.
Широката палета на производи вклучува разни видови на зачини, билни чаеви и од неодамна во својата палета го додаде традициолналното макало од лук.

Производи

-Зачини
Зачините се додаток во храната чија цел е да го подобрат оригиналниот вкус и мирис на храната. Се одгледуваат за нивните ароматични, пикантни или нивните пожелни и здрави супстанци. Поради содржината на етерични масла, алкалоиди, гликоза и други ароматични соединенија, зачините може да се најдат како делови од растението:
-Во форма на фидани како што се ѓумбирот и куркумата,
-Главици како ливадскиот шафран,
-Семиња меѓу кои се вбројуваат анасонот, кимот, сусамот, афионот и многу други,
-Ливчиња како што се нането, мајчината душица, рузмаринот, мајранот,
-Толчници и
-Плодови како морското оревче.

Дури и кората од некои стебла се користи како зачин. Најпознат меѓу нив е циметот.

Во зависност од вкусот и мирисот можат да се поделат како лути, горки, слатки, кисели, комбинирани и слично. Зачините, семињата и билките се користат како додатоци за постигнување на соодветен вкус, арома или пикантност на храната.


-Семиња
Семињата претставуваат ситни ароматични плодови и маслодајни семиња на тревните билки како што се семето од анасон, ким, сусам, афион и други. Често мали во големина, семињата се особено соодветни за извршување на широк спектар на функции и врски.

Семињата како лененото семе и сончогледот се богати со природни влакна кои придонесуваат за подобро варење на храната во стомакот и омега-3 масни киселини кои помагаат во одржување на функцијата на мозокот, ги хранат црвените крвни клетки и помагаат во борбата против воспаленија.

Економски гледано, семињата и плодовите кои ги содржат семињата, се важни, бидејќи примарно претставуваат извор на повеќе видови разнообразна храна – на пример, постои изобилство на корисни продукти обезбедени од страна на семињата како маслата за готвење, производството на маргаринот, за бојадисување , како средства за подмачкување итн., кои се добиваат од семињата на ленот, репката, памукот, афионот, рицинусот, сончогледот и други кои заедно формираат една голема група на економски продукти.

-Суво овошје и зеленчук
Суво овошје претставува овошје кое со процес на дехидратација станува суво, а сепак задржува голем дел од витамините и содржи антиоксиданси и природни влакна кои благопријатно делуваат на човековиот организам.

-Чаеви
Чајот e топол напиток кој се подготвува од билки кои претставуваат oдличен извор на витамини и минерали кои делуваат благотворно на човековото здравје.

 

    ГАЛЕРИЈА           

 

Рајска Градина

     МАПА                 

Печати