log in

КОМПАНИИ ПО ДЕЈНОСТ

Facebook Popup by Acvilla

Следете ги сите новости од Biznis.eu.mk !

Изработено од Acvilla

Close

Роза Канина

rozakaninalogo 

Адреса:Никола Карев бр. 55 Ресен
Телефон:+389 47 452 843
              +389 70 39 39 66
Е-маил:petkovskinaume@hotmail.com

web    fbfb

      ОПИС                

 

Треварот Науме Петковски од Ресен, повеќе од 30 години се занимава со производство на чаеви, чајни комбинации и производи од чајни комбинации. Вели дека не постои неизлечива болест, бидејќи во природата има лек за се. Науме е дипломиран правник, кој почнал да се занимава со треварство, откако со пиењето чаеви ги надминал проблемите со нарушувањата на работата на бубрезите. Тоа било мотив и поттик за него и за неговата сопруга да го завршат отсекот треварство при ЦСОУ "Димитар Влахов" и да почнат да ја "испитуваат" природата. Петковски атестирал и патентирал четири чајни комбинации, мацерати, тинктури и медовини. Освен лекувањето со чаеви и чајни комбинации препорачува и исхрана по крвните крупи.

- Работиме по листите за исхрана на доктор Питер Адамо. Тоа се природни законитости, кои не може да се менуваат бидејќи природата одредила која група каква исхрана треба да применува. Порано работевме по Карпер, Зараи, Дајмонд ама кај одредени болести, ефектите од лекувањето од аспект на исхраната не беа задоволени, вели Петковски. Петковски вели дека при лекувањето со неговите препарати важни се три фактори- психолошкиот (желбата да се оздрави), начинот на лекување и менување на режимот на исхрана. Работи по рецептури од југословенските и бугарските фармакопеи, од Весна Лукаровска и Васо Дервенџе.

- Тревките ги собираме сами најчесто на високите места на Галичица и Пелистер каде се најквалитетни. Важно е да се внимава на периодите за собирање - која тревка кога се собира и во какво време, да биде сончево, да нема роса. Ги сушиме, пакуваме и чуваме, во посебни простории. Пред да ги употребиме ги мелеме за да бидат посвежи, објаснува Петковски.
Тој гарантира оздравување за болестите, за кои има атест за тревките - болести за мокрачниот систем (воспаленија на бубрези, уретри, на бешика, на простата, воспалителни проблеми на гениталиите, на јајниците, бактериолошки проблеми, камења, инсифициенци, нефросклерози), потоа кај црнодробните заболувања ( болести на црниот дроб, хепатитични состојби, цирози, дијабетес, тумори и малигни болести), и чајната комбинација за слабеење.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Роза Канина

     МАПА                 

Печати