log in

.

ЕЛМЕД

elmed logo3  

      ОПИС                

ПОДЕТАЛНО ЗА КОМПАНИЈАТА

 ЕЛМЕД

Индустрија

Компанијата ЕЛМЕД ја започнува својата дејност во 1991 година во секторот на индустријата преку поддршка со опрема за индустриското обележување и следливост на производ каде сѐ уште работи како водечка куќа во Македонија. Годините работа и истражување на пазарот овозможуваат во 1995 година компанијата својата експертиза да ја прошири и во медицинскиот сектор.

Во доменот на индустријата ЕЛМЕД претставува генерален застапник на следните светски брендови:

• • DOMINO – водечки светски производител на системи за бесконтактно обележување. Познато е дека Domino апаратите се лидер во светот за ink jet маркирање. Познатите свтески компании како што се Coca Cola, Pepsi, Nestle и многу други веќе долго време ги означуваат своите производи со Domino маркирачите, што е повеќе од доказ за нивниот квалитет и традиционалната Англиска доверливост.

• • WIEDENBACH – претставува водечки снабдувач на континуирани Ink-jet принтери, како и специјални апликативни решенија.

• • ANSER – производител на термал Ink-jet принтери базирани на термал Ink-jet технологијата која претставува ценовно ефикасно решение за индустриско обележување на производите.

• • LOMA – претставува светски врв во дизајн и производство на метал детектори, проточни ваги и X-ray системи наменети за прехрамбената, фармацевтската и индустријата за пакување. Проектирани се за да ги задоволат најстрогите стандарди поврзани со безбедноста на производите, идентификување на недостатоците на производите и елиминација на секоја можност за контаминација.

• • HERMA – преставува водечки производител на системи за апликација на самолепливи етикети. Дизајнира и произведува високо квалитетни стандарни и системи за етикетирање со специјална примена.

• • ROBOPAC – светски лидер во производство на автоматски машини и системи за завиткување на производите со најлонска фолија и истите се прилагодени според специфичните барања на клиентите со што се обезбедува заштита и стабилност на производите при складирање или транспорт.

• • VALCO MELTON – компанија за производство на системи специјализирани за лепење со топлив лепак. Машините се одликуваат со оптимална доверливост и потполна контрола на работата се со цел да се задоволат потребите на корисниците ширум светот.

• • FT SYSTEM – компанија за производство на опрема за инспекција и контрола на производи која осигурува исправност на пакувањето и визуелниот изглед на производот, со што се обезбедува квалитет на производите и брендот. Инспекциските системи својата примена ја ноѓаат во индустријата за пијалоци, храна, хемија, козметика како и фармацевтската индустрија.

• • SISMA и TELESIS–светски познатi производителi чија дејност е дизајн и производство на високо-прецизни ласерски уреди наменети за обележување во индустријата и златарството. Ласерите овозможуваат трајно обележување на производи како што се: метални компоненти, пластика и други цврсти елементи како и можност за прецизно сечење на материјалите при големи брзини.

• • TOSHIBA и CAB – се производители со широка палета на принтери за етикети со највисок квалитет, исклучителни перформанси и доверливост кои работат на принцип термо-трансфер и термо-директ технологија.

• • ARMOR (INKANTO) – компанија лидер во производство на рибони кои се користат при термо-трансфер технологијата на принтање на баркодови,QR кодови, логоа и други информации на етикетите или флексибилните пакувања. Познати се по отпорноста на абразија при ракување како и на температурни, хемиски и климатски влијанија.

 ЕЛМЕД

Медицина

Уште од 1995 година Елмед ја проширува својата дејност и кон промоција, продажба и сервис на врвни апарати од областа на медицината преку брендовите:

• • ISKRA MEDICAL – докажан бренд во медицинскиот домен преку производство на сертифицирани виококвалитетни апарати за физикална терапија, рехабилитација, спортска и естетска медицина. Апаратите ги исполнуваат критериумите на запдно-европскиот пазар кој секојдневно поставува нови и се построги норми кога станува збор за производство на апарати за физикална терапија.

• • SCHILLER AG – лидер производител на апарати за кардио-пулмонална дијагностика и компанија која повеќе од 4 декади е препознатлива како пионер и иноватор во развој и производство на апарати за ЕКГ, холтери за крвен притисок, ЕКГ холтер рекордери, дефибрилатори, спирометри, пациент монитори како и медицински софтверски решенија.

    ГАЛЕРИЈА           

 

ЕЛМЕД

     МАПА                 

Печати

     КОНТАКТ                 


Адреса: ул.27 бр 16/г н. Илинден
1041 Скопје Македонија
Тел: +389 (0)2/3216 577 , +389 (0)2/3232 630
Моб: +389 (0)78/395 561 , +389 (0)78/200 209
Е-маил: elmed@elmedmk.com.mk

 web    fbfb    linkedin    twiter    youtube