log in

Интервју - Бизнис / Економија

Адаптирани за пребарувачите google.com; yahoo.com и сл.

Интервју со Ивана Кнез

ivanaknez2

1. Разговорот би го почнале со она што е најактуелно за Вас, проектот  „Love Cats”?
Не би го нарекла проект, би го нарекла животна определба. Lovecats се мојот прв retail бренд кој не следи правила туку игра по свое. Се водиме од емоции, најважно ни е оние кои поседуваат наше парче истото да го почувствуваат за блиско до нив и да им донесе безрезервна љубов заробена во моменти за памтење.

2.Како е да се биде Македонски дизајнер на овие простори?
Непотребно а сепак посакувано. Нашата сцена боледува од економска исцрпеност и недостаток на едукација, секојдневно се известува за борба за живот, потреба пред било што друго. Па така во последниве неколку години мојата професија се сведува од завршен курс до спонзорирани приучени индивидуалци кои веќе паднатиот пазар го добуткаа до некое сигурно дно. Посебноста недостасува, преполни сме со калапи кои бледо ги имитираме како такви, а секоја нова недоносена нус појава само придонесува стагнација на нешто на кое одамна му недостасуваше креативна инекција.ivanaknez

Јас сум оптимист и верувам дека потребата за издигнување од маса ќе надвладее, исто како и потребата за вистински конзумеризам.

3.Он-лине продажбата преку социјални мрежи, дали е задоволително со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме?
Периодов мислам дека сме сите со далеку посериозни проблеми од мода и онлајн етаблирање. Знаете во држава која системски е преполна со гличови, се што е луксуз добива споредна улога. Па така кога ставаш парфем а не си туширан резултатот е уште понепријатна миризба. Пред се економијата и квалификувани кадри треба да се решат, а понатаму може да разговараме за некаков развој. Ние овде сме познати доста по прескокнување на неколку чекори и директен влез во финале, нели.

4.Важите за девојка чиј моден стил е вреден за почит што ново да очекуваме од Ивана Кнез?

Мене со сет мој гламур и провокација. Научив да се носам со сопствените одлуки и интензивитетот на мојот живот. Мене мислам дека нема да ме дочекате во некој парк како буткам количка, тоа темпо е надвор од моето секојдневие. Утрото ми започнува порано од сите, и се обидувам ниту една секунда од денот да не ја изгубам во гледање серија или трач на кафе. Се надевам дека ќе се изненадам себе си, и ќе ги постигнам зацртаните цели за мене и моите брендови.

5.Која е Вашата омилена модна метропола  за шопинг и дали сте присуствувале на некоја модна недела и ревија на познато дизајнерско име?
Јас не одам на шопинг, се што сакам можам да си направам. Со чевли се уште немам најдено заеднички јазик но верувам и тоа наскоро ќе го решам.

Не посетувам ревии, мојата база е костим, па можам да ви кажам чии дела и те како ме изместуваат од лежиште после секој гледан филм. Еико Ишиока и нејзината магична транзиција на минатото во сегашноста ми се фаворит за засекогаш.

6.Речиси секоја жена има одреден моден фетиш, кој е Вашиот?
Накит. Болна сум, непоправливо болна по маркантен и уникатен накит. Мал црн фустан со добро парче накит на беспрекорна штикла може да отвори врати, што ниту една друга комбинација на светов не ги отвара.

7.Важна модна препорака до сите Ваши обожавателки, како топ совет за модерни и уникатни дами.
Следете се себе и сопствените потреби, не оние на вашиот сопруг, не оние на општеството и не оние на инфлуенсерките.

Секоја од нас е една посебна и уникатна убавина, која доколку се негува соодветно, може да блесне во бесконечност.ivanaknez3

8. И за крај што би промениле во Македонија на полето во кое сте активни професионално?
Па не би делела толку активно титула моден дизајнер за почеток, и би формирала моден синдикат со селектирани едуцирани поединци кои постојат но бираат да се маргинализираат најмногу поради ситуацијата која преовладува моментално. Би направила повеќе концепт шопови за македонски дизајнери и медиумски би оставила многу повеќе простор за уметниците на местото на политичарите, некако се оди натаму и веќе на сите нам ни горчи од тоа.

Потребна е култура, тетар, филм, мода, насмевки, опера и балет, диско забави и се она што од нас прави еманципирани современи поединки надвор од телефоните.