log in

Интервју - Бизнис / Економија

Адаптирани за пребарувачите google.com; yahoo.com и сл.

Интервју со Бесник Емши - Општина Боговиње

opstina bogovinje gradonacalnik

1. Дали можете да ни раскажете за Вашите почетоци, и патот до позицијата која сега ја имате?
- Кариерата ја започнав вработувајќи се за прв пат во средното медицинско училиште “Никола Штејн” во Тетово каде што две години работев како професор по математика, а потоа се ангажирав во средното стручно училиште “Моша Пијаде” во Тетово како професор на стручни машински предмети каде што и денеска сум ангажиран. Подоцна од 2010 година до 2012 година се именував за заменик директор на средното стручно училиште “Моша Пијаде” во Тетово. Од 2012 година до 2014 година се именував како координатор на проектот за образование на возрасните во рамките на училиштето “Моша Пијаде” за Општина Теарце. Од 2014 година до 2016 година се именував  како координатор на проектот за образование на возрасните во рамките на училиштето “Моша Пијаде” за Општина Тетово. Од 2016 година до денеска се ангажирв како професор part-time во Факултетот за Применети Науки во Тетово во насока Сообраќајно Инженерство

2. На што најмногу сте концентрирани во периодов и какви се Вашите планови  во блиска иднина?
-  концентрирани сме  најмногу за создавање подобри услови за живеење на граѓаните на нашата општина: инфраструктура, образование, култура, спорт  и така натаму


3. Што Ве научи Вашето досегашно искуство?
- моето досегашно искуство ме научи дека со работа и со чесност се стигнува до целта.
4. Како ја оценувате 2023 година и кои се вашите проекции за 2024 година?
- 2023  можам да кажам дека беше добра, имавме доста реализирани проекти во нашата Општина но за 2024 работиме на реализација на проекти кои се во групата на капитални проекти  како што е учлишната спортска сала во с. Богобиње, отворен спортски терен во селото Пирок и други.

5. Колку Македонија како држава се развива во бизнис сферата во однос на другите пазари?
- Во сферата на бизнисот нашта држава добро се движи  но можеме и повеќе