1. Дали можете да ни раскажете за Вашите почетоци, и патот до позицијата која сега ја имате?
- Нашата приказна започнува 2016 година со идеја да се заштити животната средина од отпад а истиот да може да се преработи и да се создаде нов производ. Главни наши производи од рециклирана хартија и картон се подлошки за јајца за разни големини на јајца . Поседуваме комплетна линија за производство на предмети од пулпа ( каша од рециклирана хартија).Во земјава сме единстевни со ваква дејност а и во регионот . Напорна работа и труд за денес да имаме асортиман и пласман низ цела држава.
2. На што најмногу сте концентрирани во периодов и какви се Вашите планови во блиска иднина?
- Периодов работиме на инсталација на нова машина модерн аи софистицирана со поголем капацитет на производство не само на подлошки за јајца туку и со соодветен алат намонтиран на истата , на други предмети од хартија како капхолдери. Држачи за заштита при транспорт на разни мали апарати како фенови, кафемати,миксери и др., тацни за во медицина, и слично.
3. Како би ја опишале важноста за типот и нивото на образование за да се биде успешен во приватниот бизнис.
- Образованието е важно за да можете да оводите бизнис, секако дека мора да се има стручни луѓе за да приказната наречена бизнис биде успешна.
4. Кoи се последните новитети и што како вредности нудите?
- Последен новитет е инвистицијата во нова машина.
5. Кои беа најзначајните постигнувања за Вас изминатава година, што тоа ја одбележа 2024?
- Постигнат е успех нашата фирма да биде препознатлива, бренд, и истата да биде препознаена од лица и странски организации кои што подржуваат развој и заѓтита на животна средина.Циркуларната економија е и те какао развиена во европа и пошироко. А ние сме зелена -еко компанија.
6. Што Ве научи Вашето досегашно искуство?
- Нашето искуство до сега е дека многу труд, залог и сериозна намера и поддршка е потребна за да создадеш, развиеш и опстанеш во бизнисот. При тоа постојано да напредуваш, инвестираш . Во оваа дејност навистина има простор да се намали отпадот во државата и истиот да се искористи како суровина. А целта е почиста животна средина.
7. Како ја оценувате 2024 година и кои се вашите проекции за 2025 година?
- Во 2024та бележиме многу успеси се надеваме дека и понатаму ќе продолжиме барем со исто ако не и подобро темпо.
8. Колку Македонија како држава се развива во бизнис сферата во однос на другите пазари?
- За жал Македонија неможе да се пофали со висок степен или процент на развој особено не за помалите бизниси, Неможе да се спореди со другите пазари.
9. Која е вашата порака до младите потенцијални менаџери во приватниот сектор? Кој е клучот на успехот?
- Клуч за успех е истрајност.
10. Дали имате порака до власта, до раководните лица на државата?
- Како некоја порака до сите засегнати страни е да се почитуваат Законите за заштита на животна средуна, закон за управување со отпад. И државата да им посвети поголемо внимание на еко компаниите за да можат со нивна поддршка-финансиска и не финансиска да се развиваат и растат. Бидејќи имаме потенцијал.