log in

Градоначалници

Адаптирани за пребарувачите google.com; yahoo.com и сл.

Општина Пехчево

- Носител на Сертификат за квалитет IASS
- Носител на Сертификат за општествена одговорност IASS

Интервју со Градоначалникот Драган Тренчевски

Pehcevo11.Што е приоритет во Вашата работа како градоначалник­?
Да излеземе од финансискиот хаос кој го наследив како градоначалник.
-Ветив пред моите сограѓани, а си ветив и самиот дека општината од една од најзадолжените во државата ќе ја доведеме преку домаќинско и одговорно работење,јавно,транспарентно и отчетно до степен на раздолженост во целост и финансиски стабилна.
Од општина задолжена со над 65.000.000 денари основен долг во моментот е со основен долг од 16.000.000 денари и раздолжени камати по основ на утужени предмети од над 20.000.000 денари или ја раздолживме општината повеќе од над 1.100.000 евра.

Конечно граѓаните се сведоци дека локалната самоуправа може да се води домаќински и одговорно, дека може да бидеме општина отворена и услужна за сите.
-Си ветив и дека ќе се заложам максимално во борбата за попрепознатлива општина со која сите ние ќе се гордееме,за прв пат успеавме да се избориме да добиеме после цели 24 години регистарски таблици со ознака РЕ,отпочната е иницијатива за враќање на полициското одделение кое се надевам дека до крајот на годината ќе биде реализирана,за многу кратко време или до крајот на јуни почетокот на јули ќе обезбедиме две противпожарни возила и ќе формираме истурена противпожарна единица во нашата општина која ќе значи поголема сигурност и безбедност за нашите граѓани и општината.
- Морам да споменам дека во следниот период ќе се посветиме уште поенергично,уште помотивирано кон имплементација на голем број на капитални проекти, битни, важни за нашата општина.
-Заедно со Владата, ќе изградиме Социјална зграда во која ќе има 34 стамбени единици или ќе вдомиме 34 семејства од социјален ризик.
-Ќе се реконструираат 3км улици во градот Пехчево,
-Ќе изградиме градска капела во Пехчево

2.Кои проекти од програмата ги отпочнавте,со почеток на Вашиот мандат?
-Реконструкција на домот во село Панчарево.
-Рехабилитација на регионален пат. Регионален пат Р1302 Делчево-Пехчево во должина од 15 километри.
-Реконструкција на горен строј на коловозна конструкција на ул,,бр 1,,во село Црник.
- Изградба на канализационен систем со пречистителна станица за отпадни води во туристичката населба Равна Река Пехчево.
-Реконструкција на кровна конструкција на училишна зграда во село Умлена.
-Доградба на трапезарија детска градинка ,,7 ми Септември,,Пехчево.
-Изградба на една улица во село Црник
-Изградба на улица 7ми Септември во Пехчево.
-Изградба на улица Бел Камен во Пехчево.
-Проект ,,Изградба на дел од ул,бр.1 во индустриската зона ,,Чуката,, во Пехчево.
-Изградба на информативен центар за туристичка логистика и летна сцена за културни настани.
-Изградба на мост на локалниот пат Чифлик-Умлена.
- Проект ,,Подобрување на полски патишта во општина Пехчево-тампонирање на полски пат с.Робово-с.Мачево.
-Поставени фотоволтаични системи на три јавни објекти во Пехчево.
-Изградба на две улици во село Умлена
-Изградба на три улици во село Робово
-Изградба на Црнодолски водопади во туристичката населба ,,Равна Река,,Пехчево.
-Изградба на четири училници во село Црник.

3.Со кој проект планирате да ги вклучите младите во општината и дали предвидувате спортски клубови и програми за млади?Pehcevo2
-Во овој период на седница на Совет на општина Пехчево ке биде формиран младински совет кој ке значи многу за идеите, предлозите и воопшто за секој вид на иницијатива која ке значи подобрување на условите и се разбира можноста на промоција на политиките на младите во нашата општина.
-Ке назначиме и лице кое ке биде службеник за млади во нашата општина кое ке биде одговорно за работењето на Канцеларијата за млади за координирање,спроведување и следење на прашања од интерес на младите во делокругот на надлежностите на институцијата.
-Покрај фудбалскиот клуб ,,Кит Го,, Пехчево кој игра во втората фудбалска лига,планираме во блиска иднина да формираме и пинпонгарски клуб кој ке вклучи голем број на млади од сите возрасти.

4.Дали во 2021 година очекувате некои конкретни странски или домашни инвеститори и во кој сектор?
-Домашен инвеститор по донесување на нов детален урбанистички план ќе гради Дом за стари лица во Пехчево.
-Потенцијални инвеститори,интересенти за поставување на фотоволтаични панели или вложување во нови зелени извори на енергија.

5.Со кои мерки ке ги развиете селата,со цел да нема миграција од село во град?
-Ветивме предизборно дека ќе вложиме максимално во подобрување на инфраструктурата во сите населени места,повеќе од седумнаесет години населените места беа заборавени целосно во секој поглед од претходната власт.
-Изградивме три улици во село Робово, две улици во село Умлена, две улици во село Црник за кратко време ќе почнеме уште со изградба на нови две улици во село Црник како и изградба на една улица во село Чифлик,
-Изградивме четири училници во село Црник,ја реконструиравме кровната конструкција на училиштето во село Умлена, а ќе биде реконструирана и уредена внатрешноста и на училиштето во село Робово,ја реконструиравме и кровната конструкција на Домот во село Панчарево.

Pehcevo36.Што имате досега направено на што сте особено горд?
-Секој имплементиран проект ми значи не само на мене како градоначалник , секој има посебно значење и за секој наш сограѓанин,но ако веќе ме прашувате еве ќе издвојам еден кој е имплеметиран пред извесно време изградба на Црнодолски водопад во туристичкиот локалитет ,,Равна Река,, во Пехчево.

Особено драг проект поради огромната посетеност од страна на огромен број туристи и позитивните критики може да го издвојам како еден од моите драги проекти кои значат многу за развојот на туризмот и се разбира афирмацијата и промоцијата на нашата општина.

7.Вашата градоначалничка функција бара многу време и откажување од приватниот живот.Колку Ви преостанува слободно време за семејството и како најчесто го поминувате слободното време?
-Токму така за што повекето од моите другари,пријатели можеби и ќе ми замерат затоа што се помалку имаме можност за дружба,меѓутоа кога се кандидарав за функцијата градоначалник бев потполно свесен и спремен за огромната одговорност и фактот дека мора да се откажете од многу работи за да се посветите максимално во реализација на голем број на проекти кои се од огромно значење за нашите сограѓани и за општина Пехчево.

Но кога и да имам слободно време го користам максимално со моите пријатели и се разбира со семејството, со кое за момент ке поминете навистина позитивни и убави моменти кои ке ве оттргнат барем за момент од секојдневните проблеми.