log in

.

Еуровиа

eurovia logo  

      ОПИС                

1978 - Основање
Наш прв чекор со кој почнавме беше изградбата на фасади. Многу години работа и чекорите кон професионализмот беа причините што отидовме чекор понатаму за да ја создадеме нашата историја и за донесување на промени на секои децении, додека ја крунисавме нашата работа како заеднички успех на компанијата.

1986 - Прираст
Преминот во втората фаза беше и премин од изградба на фасади во градежништво, како професија во која повеќе се вклопивме. Врската меѓу овие две професии ни ја олесни ова промена, постојано земајќи ги во предвид позитивните промени. Работата продолжи со мал работен тим, но тој тим претставуваше главна основа за работниците кои се придружија во наредниот период.

1998 - Проширување
Сериозни и внимателни во работа, ние имавме потреба од проширување на нашето претпријатие, вклучувајќи го проширувањето на работната сила до 50 работници и капацитет за проекти со максимални простори.

2008 - Лиценци
За историјата на нашата компанија, 2008 беше година која го донесе најголемиот успех, што значи дека успеавме да ги добиеме сите потребни лиценци за овозможување на нашата компанија да работи со сите неопходни документи. Еуровиа го зголеми својот работен капацитет и беше призната како професионализирана компанија во областа на градежништвото и пректирањето.

2012 - Зајакнување
За зајакнување на раководството на нашата компанија, и за да биде отпорна на било каква криза што би можело да ја претрпи, компанијата Еуровиа се приклучи на Адел Холдинг. Од тогаш, ние сме фокусирани во работи со проектирање и изградба, а административниот дел се води успешно од страна на Адел Холдинг.

Градежништво и инженерство
Ние сме подготвени да ви овозможиме да ги реализирате сите идеи. Еуровиа успеа да ги реализира сите проекти доверени од своите соработници. Без оглед на просторот и типот на објектот, Еуровиа ви нуди можност да го завршите вашиот проект во рекордно време и со квалитет, кој гарантира долговечност на извршената работа.

ПОТВРДЕНО ИСКУСТВО – “Ние гарантираме високи стандарди и квалитет за сите наши
проекти”.

Услуги кои ги нудиме:
 - Високи градби
 - Ниски градби
 - Индустриски градби
 - Избор на готови проекти

Недвижности
Нашата компанија е она која инвестира постојано и со голема сигурност во недвижниот имот. Изградбата на индустриски објекти во недвижен имот е најдобриот начин на користење на истите простори, затоа Еуровиа инвестира силно во таа насока. Ние сме храбри да превземеме активности кои се со голема вредност и истите ги трансформираме во објекти кои се користат. Еуровиа секогаш успеало да го трансформира недвижниот имот во користен простор за сите. Потпирајќи се секогаш на логиката дека тие што можат секогаш треба да се потпираат на други, нé прави да се фокусираме повеќе на индустриски градби кои креираат нови работни места, кои несомнено се профитабилни за целото општество.

Јавно-приватно партнерство
Еуровиа убедливо работи и во областа на логистиката и трговијата, како една од основната активност за нашата компанија. Постигнувањето на нашите цели и реализацијата на проектите секогаш зависи од материјали увезени од различни земји, со цел да бидат со највисок квалитет, и од начинот на управување на човечките ресурси, затоа слободно може да кажеме дека сме една од главните компании која како најсилна точка ја има логистиката, што претставува главна цел за постигнување на сите успеси на нашата компанија.

АДЕЛ Пауер
Со големата доверба во нашата компанија и луѓето кои ја организираат и водат работата, ние сме убедени во брзото создавање на новата филијала Адел Холдинг, чија основа е енергијата и нејзиното производство. Адел Пауер наскоро ќе биде достапно за сите, со цел да ги задоволи барањата на секој клиент. Еуровиа е секогаш подготвена да ви го обезбеди она што е корисно за вас и што е профитабилно за сите.

    ГАЛЕРИЈА           

 

Еуровиа

     МАПА                 

Печати

     КОНТАКТ                 

Канцеларија Тетово: ул.101 бр.15, с.Желино Тетово, Македонија
Tелефон Тетово: +389 44 350 991

Канцеларија Скопје: ул.Коле Неделковски бр.61 лок.1, Скопје, Македонија
Tелефон Скопје: +389 2 3224 944

email: info@eurovia.mk

web   fbfb   instagram

Рабтно време:
Пон до Саб од 09.00 до 18.00